Занимливости
Зошто ни течат солзи кога плачеме?

Најчесто се мисли дека солзите се само израз на тага. А знеме и дека солзи ни течат кога воопшто не сме тажни. Како е тоа можно?
Нашите очни капаци се збрчкана кожа кои се спуштаат и подигаат како театарска завеса. Капаците се движат толку брзо и не сметаат на нашиот поглед. Ние не сме свесни за тоа движење иако очните капаци се спуштаат и подигаат на секои шест секунди.
Во надворешниот агол на окото постои солзна жлезда. Кога и да трепнеме, се лачи течност на отворот на солзниот канал, за да се исплакне рожницата и спречи нејзино сушење. Нешто слично се случува и кога плачеме.
Дали сте забележале дека на некои луѓе им течат солзи и кога се смеат? Еве го одговорот. Кога се смееме, мускулите ја притегаат солзната жлезда и таа почнува засилено да лачи течност.
Каква е тогаш врската помеѓу солзите и тажното расположение? Човекот е единственото суштество, кое со плачење ги изразува своите чувства.
Доенчињата плачат, но не солзат додеа не почнат да размислуваат и чувствуваат.
Кога сме тажни, нашите чувства наместо да се изразат со зборови, се канализираат со механизмот кој создава солзи. Тоа е рефлексна реакција која се случува против наша волја, затоа што нашиот организам така ги изразува чувствата кои не можеме или не сакаме да ги искажеме со зборови.
Преку плачењето се ослободува и ендорфин. Тоа е истиот хормон кој се ослободува и за време на секс или вежбање, затоа понекогаш кога ќе се исплачеме се чувствуваме подобро.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 недели
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Светпред 3 месеци
Русија разви вакцина против рак, ќе биде бесплатна за руските пациенти и достапна на почетокот на 2025 година
-
Гостиварпред 3 месеци
Предновогодишна забава и дружење за дечињата на плоштадот во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Хуманитарна акција на мото клубот „GO Bikers“ од Гостивар: Помош за сограѓаните во зимските денови
-
Македонијапред 3 месеци
Софтвер ќе открива злоупотреби на социјалната помош