Поврзи се со нас

Вести

Зошто се појавува тресењето на рацете?

Објавено

на

Тресењето на рацете или тремор е неволно и ритмичко движење на меѓусебно неповрзаните мускули. Најчесто се појавува во состојба на мирување, кога мускулите се опуштени.

Многу луѓе, тресењето на рацете, најчесто го поврзуваат со Паркинсоновата болест, иако не мора да значи дека на секој што му се тресат рацете, ја има оваа болест. На пример, тресењето на рацете може да се појави и кај зависниците од кофеин, но и кај зависници од алкохол.

Со оглед на тоа дека треморот може да биде последица на многу состојби, тешко е да се каже што го предизвикува. Доколку оваа појава е честа, секако дека е потребно да се побара лекарска помош, за да се утврди причината за треморот, односно ритмичкото движење на неповрзаните мускули. Врз основа на појавата на треморот, лекарот може да утврди за што се работи.

Есенцијалниот тремор е еден од најчестите пореметувања на движењето, а може да се појави на рацете, главата, гласот и другите делови на телото. Најчесто се појавува кај возрасните личности, а состојбата им се влошува со текот на годините. Тресењето се јавува кога се прават некои одредени движења, како кревање на чаша, лажица или при пишување. Престанува во состојба на мирување.

Непознат причинител
Треморот може да биде благ или речиси незабележлив, а може да биде и толку силен, што не ќе можете да ги завршувате секојдневните домашни обврски. Лекарите не се сигурни што го предизвикува есенцијалниот тремор, а најчесто е наследен, што значи дека постои генетска компонета чиј причинител сеуште не е откриен. Есенцијалниот тремор најчесто се појавува прво на едната рака, а потоа преоѓа и на другата рака. Доколку е благ, тогаш не треба ништо да се презема. Ако е премногу силен, постојат одредени лекови, кои можат да помогнат во ублажувањето на тресењето на рацете.

Паркинсонова болест
За разлика од есенцијалниот тремор, тресењето на рацете, предизвикано од Паркиносновата болест, се појавува кога рацете се во мирување. Овој вид на тремор, најчесто се појавува во облик на ритмички движења помеѓу палецот и показалецот. Паркинсоновата болест е невродегеративна болест, која предизвикува постепено изумирање на мозочните клетки.

Иако, не е сосема јасно, зошто настанува оваа болест, изумирањето на мозочните клетки доведува до недостаток на допамин, (кој има улога на трансимтер во мозокот), што го предизвикува треморот и други моторни пореметувања, како губење на рамнотежата, поради откажувањето на нозете и потешкотии при зборување.

Кофеин
Исто како што може стресот да го интензивира вообичаениот физиолошки тремор, така делува и кофеинот. Доколку се забележи тресење на рацете, после пиење на кафе или друг кофеински пијалак, би требало да се намали внесување на кофеин во организмот.

Стрес
Секоја личност има многу благ, невидлив облик на тремор, кој настанува поради ритамот на срцето, протокот на крвта и други процеси кои се одвиваат внатре во телото. Тоа се нарекува физиолошки тремор. Сепак, во одредени услови, овој тремор може да стане поизразен. Стресот може да го влоши физиолошкиот тремор, исто како и тремата и стравот. Зависно до ситуацијата, оваа појава може да биде многу непријатна.

Лекови
Земањето на одредени лекови, можат да предизвикаат различни нуспојави, како што е и треморот. На пример лековите против астма, можат да предизвикаат тресење на рацете. Доколку забележите дека после пиењето на лековите, ви се тресат рацете, разговарјте со лекарот, за промена на терапијата.

Замор
Уште еден причинител, кој е поизразен како физолошки тремор, е заморот. Без разлика дали се работи за замор од недостаток на сон или од напорен тренинг, заморот и напнатоста се поврзани со тресењето на рацете и останатите делови на телото.

 

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 8 часа

Фолклорот и традицијата во Гостивар како предвесници на празничната велигденска атмосфера

ИЗБОРИ 2024пред 10 часа

Избирачките одбори на 8 мај ќе треба да се реорганизираат, на ИМ мора да бидат по 7 лица, наместо по 5 како до сега

Вестипред 12 часа

Во Венеција од денес 5 евра влез за туристи

Вестипред 14 часа

Сахарска прашина над Турција, предупредувања за ризици

Гостиварпред 15 часа

Напад од бездомно куче во Гостивар

Гостиварпред 17 часа

Градинките во Гостивар се вклучија во Неделата на имунизација-Повисока свест за важноста на вакцините

Македонијапред 17 часа

Синдикатите на Првомајски протест- „Ние работниците“

Македонијапред 18 часа

Минималните трошоци на семејство во април 60.212 денари, скокнале за 20 евра за еден месец

Гостиварпред 19 часа

Лишен од слобода гостиварец за фотографирање на гласачкото ливче

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена