Поврзи се со нас

Гостивар

Промовирана Монографија за библиотеката во Гостивар, труд на Теута Османи

Објавено

на

На Светскиот ден на книгата 23 април, во Центарот за култура „АСНОМ“-Гостивар беше промовирана „Монографија за библиотеката 1949-2022“, прва од ваков тип за установата која важи за дом на книгите и читателите. Автор на делото е м-р Теута Османи, библиотекар советник.

„Идејата за реализација на овој труд и истражување потекнува од моето подолго библиотекарско искуство и големата желба да се обидам да го следам и прикажам развојниот пат на гостиварската библиотека. Работејќи во библиотеката како библиотекар од 2007-ма година, во 2018-та се стекнав со звање виш библиотекар, па потоа со звање библиотекар советник. Почувствував силна потреба мојата секојдневна работа и контактот со граѓаните и читателите, да се обидам да ги преточам во едно монографско издание кое ќе ги содржи основните информации за нашата библиотека, поткрепени со бројни документи за нејзиното основање и работа, како и бројни илустрации и фотографии кои се незаобиколен декор во ваквите публикации.“, изјави авторката додавајќи дека во книгата, која има издание на македонски и на албански јазик, се наброени и сите поважни проекти и активности на Библиотеката кои ја потврдуваат сериозноста и посветеноста на вработените за развојот на институцијата.

Валентина Тасеска во своето обраќање на промоцијата направи кус осврт за почетоците на Библиотеката, историјата и нејзиниот развој и ја истакна важноста на Монографијата како запис кој останува вечен.

„Ова е дело кое останува за нас, за нашите генерации и тие што допрва доаѓаат. Почетоците на Библиотеката се уште од Втората светска војна и како волонтер работел Борис Канчески во куќата која денес е под заштита како културно наследство.  Подоцна Библиотеката за прв пат добива еден свој простор, кај денешно „Корзо“ и прв библиотекар кој овде бил евидентиран бил Никола Тримчевски, а му помагале ентузијасти.“, рече меѓудругото Тасеска.

Соработник во создавањето на монографијата е Фарије Адили, графички дизајн Јахја Нур Зулбеари и Артан Рамани, додека рецензенти се Богомир Наумоски и Семир Алији.

„Можам да кажам дека ова е прекрасна монографија, прва и единствена од ваков вид за историјатот на библиотеката во Гостивар и како таква претставува вредна и незаменлива книга за читетлите, истражувачите и сите оние кои се заинтересирани за историјатот на оваа културна институција“, кажа Алији пред присутните на промоцијата.

Теута Османи е родена 1976 година во Гостивар. Педагошки факултет завршила на Универзитетот „Свети Климент Охродски“ во Скопје, а магистерски студии на Меѓународниот универзитет во Струга, отсек Меѓународни односи и дипломатија. Автор е на публикацијата „Гостиварски автори-библиографија на монографски публикации“ (НУЦК „АСНОМ“ 2017г.)

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 3 часа

Свеченост за 24 Мај во Гостивар: Почит кон нашето културно и духовно богатство

Парламентарни избори 2024пред 7 часа

ДИК ги додели уверенијата за пратенички мандати

Македонијапред 8 часа

Јадење, пиење, облека, сметки…Мајските трошоци за семејство 60.090 денари

Македонијапред 9 часа

Велковски: Околу 9000 социјални семејства оштетени за 120 евра годишно

Македонијапред 10 часа

Метео предупредување за невреме

Гостиварпред 10 часа

Два случаи на семејно насилство вчера на подрачје на Гостивар

Македонијапред 13 часа

Македонија дел од кампања на Амбер Алерт Европа-Како да се постапи при исчезнување на дете

Гостиварпред 13 часа

Света архијерејска Литургија во бигорскиот скит во Битуше посветен на браќата Кирил и Методиј

Парламентарни избори 2024пред 14 часа

Гласаат болни, немоќни и затвореници пред утрешното прегласување за парламентарните избори во 7 избирачки места

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 5 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 9 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 10 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена