Поврзи се со нас

Занимливости

20 научни студии кои ќе ве насмеат

Објавено

на

Додека едни откриваат лекови за опасни болести, други истражуваат алтернативни и еколошки извори на енергија, трети како настанала вселената, некои научници повторно истражуваат работи кои навистина и нема потреба да се истражуваат. Еве неколку урнебесни научни студии спроведени во последните неколку години.

1. Интеракцијата со жените ги прави мажите глупави, заклучува студијата на Џон Ц. Кареманс и неговите колеги на Радбод Универзитетот во Нејмеген, Холандија.

2. Студијата која ја спровела водечката организација за истражување на канадскиот пазар заклучила дека писменоста ги зголемува шансите за вработување.

3. Ако тоа до сега не сте го знаеле, науката го потврди: Дебелината не е здрава.

4. Во научниот магазин Addiction објавена е студија која е спроведена од неколку канадски здравствени институции, заводот за статистика и психологија, а во која се заклучува дека конзумирањето на алкохол ги зголемува шансите за незаштитен секс.

5. Стручњаците за автомобилски несреќи откриле дека детските седишта ги заштитуваат и дебелите деца, исто така.

6. Неколку истражувачи од Шисеидо истражувачкиот центар во Јокохама, ја заклучиле својатa студија тврдејќи дека на луѓето кои мислат дека им смрдат нозете, нозете навистина им смрдат, за разлика од луѓето кои веруваат дека нозете не им смрдат.

7. Научници од Универзитетот во Бристол откриле најоптимален начин за натопување (макање) на кексот во кафе, чај, млеко…

8. Синтеф Унимед од Норвешка и Техничкиот Универзитет од Данска објавиле студија во која заклучиле дека облекување на мокар долен веш во текот на ладните денови не е добро за здравјето.

9. Џон Мак од Харвард и Давид Јакобс од Универзитетот Темпл спровеле студија во која заклучиле дека луѓето кои веруваат дека ги киднапирале вонземјани, веројатно и биле киднапирани од вонземјани.

10. Мaжите повеќе сакаат да стапат во кратки врски со жени кои “изгледаат глупи“ е зaклучок на студии објавени во списанието Evolution and Human Behavior.

Анита Ерланд, Ролф Зван и Тулио Гвадалупе ја до биле Иг Нобеловата награда за студијата наречена “Наведнувањето налево ја прави Ајфеловата кула помала“

11. Низа на истражувања кои ги спровеле психолози од Универзитетот во Калифорнија и Универзитетот во Торонто довеле до заклучок дека богатите луѓе мамат и многу лажат.

12. Сигурно до сега сте го слушнале ова: Ако имате безконечен број мајмуни и бесконечен број машини за пишување и бесконечно многу време, мајмуните на крај ќе напишат Собрани дела на Вилијам Шекспир. Истражувачи од Универзитетот во Плимут во Англија во својата студија сепак докажале дека мајмуните не можат да ги напишат шекспировите дела бидејќи брзо ќе им стане досадно и наместо да типкаат на машината за пишување, ќе ја нападнат истата.

13. И науката докажала: запослениците ги мразат состаноците.

14. Ако ова до сега не сте го знаеле, една студија заклучила дека голтањето мечеви може да биде опасно.

15. Во една студија од 1960-та година е заклучено дека бебето треба да го држите подалеку од рабови, без разлика колку добро можат да перципираат длабочина, висина, бебето може да се повреди.

16. Истражувачи од Универзитетот МекГил во Монтреал и Градскиот Универзитет во Њу Јорк откриле дека сите средношколци и студенти достигнуваат одредено ниво на досада на часовите и предавањата.

17. Journal of Experimental Psychology објавил статија за тоа дека стаорците не можат да приметат разлика јапонскиот говор наназад и холандскиот говор наназад.

18. Убавината е во окото на оној кој држи пиво. Луѓето кои мислат дека се пијани исто така мислат и дека се атрактивни, е насловот на студијата објавена во British Journal of Psychology.

19. Уште една потполно непотребна студија заклучила очигледна работа: недостатокот на сон нѐ прави уморни.

20. Дали пивските шишиња се доволно јаки да го скршат човековиот череп? Одговор на ова прашање ни дадоа научниците од Centre for Forensic Imaging and Virtopsy. Накратко, се.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена