Здравје и убавина
НЕ УПОТРЕБУВАЈТЕ БЕЛ ШЕЌЕР,СВРТЕТЕ СЕ КОН ПРИРОДАТА
Прашокот кој што се добива со екстракција на листовите на оваа билка е 200 до 300 пати посладок од шеќерот, а самиот лист на стевијата е поблаг за 35 до 45 пати во споредба со шеќерот.
Една од најзначајните и најпозитивните карактеристики на стевијата е тоа штотаа нема енергетска вредност, такашто не поттикнува инсулински одговор. Токму поради тоа, слободно може да ја користат лица коишто се трудат да го намалат внесот на шеќери, лица коишто боледуваат од Дијабет тип 2, како и децата, бидејќи не претставува добра подлога за ширење на бактериите и ги штити забите од кариес.
При испитување направено од страна на Светската здравствена организација во 2006 година, се дошло до заклучок дека стевиозидите и ребаузидот А, содржани во листот на стевијата, немаат никакво генотоксично ни канцерогено влијание врз човекот. Истото испитување покажало дека стевијата ги намалува негативните последици по здравјето кај лицата кои боледуваат од Дијабет Тип 2 и кај оние со висок крвен притисок.
Стевијата позитивно влијае и врз:
- Регулирање на нивото на глукоза во крвта (слатките состојки на стевијата се гликозидите, а не јаглехидратите)
- Намалување на телесната тежина
- Намалување на чувството на мачнина
- Ублажување на проблемите со желудникот
- Поттикнување на варењето на храната
- Побрзо заздравување на рани
Листот на стевија, покрај стевиозиди, богат е со микронутриенти како што е железото, калциумот, натриумот, калиумот, фосфорот, цинкот, како и со витамин А и Ц.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ