Гостивар
Недоволно судии во Апелациониот суд во Гостивар, а зголемен прилив на предмети
Недостигаат судии во Апелациониот суд во Гостивар, кадешто од друга страна се зголемува обемот на работа, односно бројот на предмети. Ваквата ситуација доведува до намалување на ефикасноста. Од јануари до октомври од вкупно 3.386 предмети, решени се 2.438, додека 948 останале нерешени.
„Според систематизацијата судот треба да има 16 судии, заедно со претседателот. Ние имаме 11, што значи пет помалку. Тоа се одразува врз ефикасноста и претставува голем проблем за справување со приливот на предмети. Активни се огласи за двајца судии во кривичниот оддел, нотоа се одолговлекува од причина што е усложнета постапката за избор“, вели претседателот на судот, Беким Мехмеди, кој напоменува дека судот бележи подобрување на квалитетот на работење, што се одредува преку бројот на потврдени одлуки од Врховиот суд. 79% од одлуките добиле потврда од Врховен. Укинати се 18,4%, додека 2,6% се преиначени.
Во наредниот период во Апелација ќе се вршат зафати за подобрување на условите во информатичкиот дел и современо опремување на судниците.
Апелациониот суд во Гостивар е надлежен да постапува по жалби на донесени одлуки од првостепените судови во Гостивар, Тетово, Дебар и Кичево, и во случај на судир на надлежности меѓу овие основните судови. Судот функционира со три оддели и тоа кривичен, граѓански и оддел за судска пракса и има вкупно 45 вработени.
-
Гостиварпред 3 недели
Стани успешен техничар за е-трговија, дигитален маркетинг и угостителство, сметководител, банкар, правник – запиши се во СЕОУ Гостивар
-
Парламентарни избори 2024пред 3 месеци
Потврдени листите на СДСМ, гостиварката Ема Нешковска трета во ИЕ 6
-
Гостиварпред 3 месеци
Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување
-
Гостиварпред 2 месеци
Физички напади и групна тепачка вчера во Гостивар
-
Регионпред 3 месеци
Во Хрватска повлечени наполитанки од познат бренд
-
Гостиварпред 2 месеци
Вечен помен и слава! Девет години од смртта на хероите Горан и Ненад
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостиварец го загуби животот во сообраќaјна несреќа
-
Гостиварпред 3 месеци
Несреќа на патот Гостивар – Стража, сообраќајот во прекин