Поврзи се со нас

Спорт

ФК Гостивар есенски првак во 2МФЛ

Објавено

на

Викендов се комплетираше 15. коло од Втората македонска фудбалска лига, екипата на Фудбалскиот клуб Гостивар во последниот натпревар од есенскиот дел на првенството славеше на домашен терен против екипата на Караорман од Струга со 5-1, со што ја задржа првата позиција на табелата и е нов есенски првак во ова натпреварување.

Гостиварци по 15 одиграни натпревари се единствената непоразена екипа во лигата, успеаа да запишат 11 победи и 4 нерешени натпревари и со 37 бодови се лидери на табелата пред ФК Вардар со 36 и ФК Воска Спорт со 34 бодови.

Вториот претставник во 2МФЛ од регионот тимот на ФК Беса 1976 од Добридол полусезоната успеа да ја заврши во горниот дел од табелата, со 6 победи, исто толку порази и 3 нерешени натпревари ќе презимат на 7. позиција на табелата.

И третиот претставник во ова второ по ранг фудбалско натпреварување во земјата, ФК Арсими од Чегране имаше одлична полусезона. Дебитантот во лигата успеа по 15 одиграни кола да се најде точно на средината на табелата, со 6 победи, 2 нерешени и 7 порази чегранци пролета ќе ја дочекаат на 8. позиција.

Почетокот на вториот дел од сезоната закажан е за втората половина на февруари.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 53 минути

Изјава на Дафина Стојаноска, носителка на листа од ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ-6

ИЗБОРИ 2024пред 56 минути

Изјава на Талат Џафери, технички премиер

ИЗБОРИ 2024пред 57 минути

Изјава на Арбен Таравари, градоначалник на Гостивар

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 57 минути

Изјава на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 57 минути

Изјава на кандидатката за претседател на државава, Гордана Силјановска – Давкова

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 2 часа

Постигнат е цензус на претседателските избори, до 17 часот гласале 42,32% од избирачите

ИЗБОРИ 2024пред 4 часа

До 15 часот во Врапчиште за претседател гласале 7,9% од избирачите, за пратеници 20,8%

ИЗБОРИ 2024пред 4 часа

Излезноста до 15 часот во Гостивар е 26,81% на парламентарите и 18,31% на претседателските избори

ИЗБОРИ 2024пред 6 часа

Излезеноста на претседателските избори до 13 часот на државно ниво е 23.95 %

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена