Поврзи се со нас

Вести

Талибанците забранијa жените да одат на факултет во Авганистан

Објавено

на

Талибанските власти донесоа наредба со која жените не смеат да одат на универзитет на неодреден период, се вели во писмото на Министерството за високо образование испратено до сите универзитети во Авганистан.

Портпаролот на Министерството за високо образование, Хафиз Зија Хашами, рече дека наредбата е официјално доставена до сите универзитети и стапува на сила веднаш и дека е во согласност со, како што наведе, одлуката на талибанскиот кабинет.

Новото правило речиси целосно го ограничува пристапот на жените до формално образование, бидејќи тие се веќе исклучени од повеќето средни училишта. Пред три месеци илјадници девојчиња и жени се пријавија да полагаат приемен испит низ Авганистан.

Откако Талибанците ја презедоа власта минатата година, жените и мажите се разделени во различни училници и влегуваат во зградите на факултетите одделно. Талибанските власти првично го ограничија списокот на факултети на кои жените можат да се запишат, со што го забранија студирањето ветеринарна медицина, инженерски науки, економија, земјоделство и особено новинарство. По што сега целосно го суспендираат пристапот до високото образование за студентките.

Последната забрана секако ќе предизвика загриженост кај меѓународната јавност. САД и другите западни земји поставија услов дека ќе го признаат талибанското владеење во Авганистан доколку се подобри пристапот на жените до образованието.

Талибанците, кои се вратија на власт во август 2021 година, ветија дека ќе бидат пофлексибилни, но во голема мера се вратија на строгото толкување на исламот што го одбележа првиот период од нивното владеење од 1996 до 2001 година.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ИЗБОРИ 2024пред 17 минути

Денес гласаат болни, затвореници и лица во старските домови

Гостиварпред 1 час

Најавено е минирање кај Бањица во текот на денот

ИЗБОРИ 2024пред 1 час

Изборен молк до утре во 19 часот

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 13 часа

Стојаноска: Промените ќе се случат на 8-ми мај, со уште поголема поддршка за бројот 2

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 14 часа

Нешковска: Да ја движиме државата напред наместо да ја блокираме, ве охрабрувам да го дадете гласот за поддршка на бројот 1

ИЗБОРИ 2024пред 19 часа

Утре гласаат 11.123 болни и немоќни лица за претседателските и 11.225 за парламентарните избори

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 20 часа

СДСМ организираше велигденска забава на плоштадот во Гостивар

ИЗБОРИ 2024пред 23 часа

Право на глас на вториот круг од претседателските избори имаат 1.814.317, а на парламентарните 1.815.350 граѓани

Здравје и убавинапред 23 часа

Етерични масла против алергии

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена