Поврзи се со нас

Гостивар

Одобрени 167 стипендии за учениците од СОМУ Гостивар – Училиштето јавно се заблагодарува на поддржувачите

Објавено

на

Министерството за образование одобри 167 стипендии за учениците од дуалните паралелки во средното медицинско училиште во Гостивар. Тие ќе добиваат по 3.500 денари месечно во текот на целото средно образование. Од училиштето ни испратија соопштение во кое јавно се заблагодаруваат на сите кои имаа доверба во нив и ги поддржаа во овој процес.

„Со гордост сакаме да објавиме дека во нашето училиште се одобрени 167 стипендии за учениците од дуалните паралелки и воедно да упатиме честитки на сите ученици кои заслужено ја добија стипендијата од 3500 денари во текот на целото средно образование. СОМУ Гостивар во учебната 2022/23 година успеа да добие одобрение од МОН за 7 дуални паралелки со зголемен број на часови по практична настава, врз основа на потпишаните меморандуми со јавните и приватните здравствени установи во општината и соседните општини, поддржани од локалната заедница.

Во оваа прилика сакаме да им се заблагодариме на нашите соработници од ПЗУ и ЈЗУ кои неслучајно се носители на благородна и хумана професија кои тоа и го докажаа. СОМУ – Гостивар е носител на реформата на средното стручно образование во општината, но без нивната подршка и доверба нема да успеевме да го заживееме образовниот процес заснован на мотото “Учи паметно-Работи стручно”.

СОМУ Гостивар предводено од директорот Елбаш Абази, управата, координаторот за УПР Нада Софронијевиќ, наставниците по УПР и сите вработени заедно со нашите ученици и нивните родители од срце им се заблагодаруваме.

Искрено се надеваме дека заедно во иднина ќе чекориме и ќе успееме да нашето училиште, нашата општина заедно во соработка со сите јавни и приватни здравствени установи ќе станеме пример за современо успешно образование, ќе обезбедиме квалитетен кадар и нашата општина ќе ја направиме место за подобро живеење.

Благодарност до:
Општина Гостивар, градоначалникот и секторот за образование, ЈЗУ “Д-р Ферид Мурат”, ЈЗУ “Здравствен Дом Гостивар”, ЈЗУ “Општа Болница Дебар”, ЈЗУ “Д-р Русе Бошкоски”Маврово и Ростуше, ПЗУ “Гуги Блу”, ПЗУ “Д-р Бране”, ПЗУ “Д-р Алихајдар Гаши”, ПЗУ ”Кардиомед ФС”, ПЗУ ”Куршево Дент”- Крушево, ПЗУ ”Д-р Нида Баки”, ПЗУ ”Нова Медика”, ПЗУ ”Отомедика”,  ПЗУ ”Пирок”, ПЗУ ”Санатрикс”, ПЗУ ”Д-р Баки Таравари”, ПЗУ ”Пулс Медика”, ПЗУ ”МедиСал” с.Долно Косоврасти, ПЗУ ”Отомедика 2”, ПЗУ ”Катерина Дамевска” Скопје, ПЗУ ”Пулс Мед” с.Жировница, ПЗУ ”Ал Мед” с.Могорче, ПЗУ ”Хумана”, ПЗУ ”Арманса” с.Тополчани Прилеп, ПЗУ ”Лек М&M” Прилеп, ПЗУ ”Медико Прима” с.Врапчиште, ПЗУ ”Ројал Медика”, ПЗУ ”Д-р Беса”, ПЗУ ”Мел Медика”, ПЗУ ”Д-р Арлинда”, ПЗУ ”Ха Медика” с.Скудриње, ПЗУ ”Дентал Феко”, ПЗУ ”Дентал Лабор Лајф Керамик”, ПЗУ ”Њу Медика”, ПЗУ ”Бенелу Интернистика”, ПЗУ ”Неонатус” с.Добридол, ПЗУ ”Д-р Изет” с.Неготино, ПЗУ ”Д-р Агим”, ПЗУ ”Д-р Гази”, ПЗУ ”Д-р Н.Османи”,ПЗУ ”Д-р Елмедина Билали” с.Градец, ПЗУ ”ЕС Медик”а, ПЗУ ”Или Медика” с.Неготино, ПЗУ ”Медика ”с.Дебреше, ПЗУ ”Д-р Дубравка”, ПЗУ ”Прима Мед”, ПЗУ ”Д-р Анета”, ПЗУ ”Милена Медика”, ПЗУ ”Цана Медикал”, ПЗУ ”Медика Локу”, ПЗУ ”Д-р Садри” с.Чегране, ПЗУ ”Хасим Салиу”, ПЗУ ”Д-р Линда”, ПЗУ ”Џан Медика”, ПЗУ ”Сафет Амзи”, ПЗУ ”Ми-Са Медика”, ПЗУ ”Праксис”, ПЗУ ”САТ Медика”, ПЗУ ”Ехо Мед”, ПЗУ ”Бео Медика”, ПЗУ ”Еуроп Медикол”, ПЗУ ”АРБ Медика”, ПЗУ ”Теута Мирто” с.Ростуше, ПЗУ ”Диамел”, ПЗУ ”СИГА Медика”, ПЗУ ”Д-р Вело Танески”, ПЗУ ”Лекасвет” с.Врапчиште, ПЗУ ”Еуро Медика”, ПЗУ ”Сара Мед”, ПЗУ ”Д-р Велјаноски”, ПЗУ ”Д-р Катерина”, ПЗУ ”Хера”, ПЗУ ”Бен Дент”, ПЗУ ”Д-р Ивица”, ПЗУ ”Прима Дент” с.Врапчиште, ПЗУ ”Дендиа Б” с.Врапчиште, ПЗУ ”Д-р Катерина” Прилеп, ПЗУ ”Естетикa”, ПЗУ ”Шптим Реџепи”, ПЗУ ”Елдент Дентал Клиник”, ПЗУ ”Витакор” Прилеп, ПЗУ ”Џеват Османи”, ПЗУ ”Д-р Ѓулша” Кичево, ПЗУ ”Д-р Елеса”, ПЗУ ”Хоспиталиа” Прилеп, ПЗУ ”Зеа Дент”, ПЗУ ”Татјана Кочоска” Прилеп, ПЗУ ”Дента А Мент”, ”ПЗУ Порцелан Денс”, ПЗУ ”Медина Мед” Центар Жупа, ПЗУ ”Д-р Сапско Ѓурчиноски” Македонски Брод“, стои во соопштението на СОМУ- Гостивар.

Во ова гостиварско средно училиште настава следат околу 1.100 ученици.

(комерцијален текст)

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Вестипред 6 часа

Ден на македонскиот јазик-5 Мај

Вестипред 16 часа

Православните го слават Велигден, празник над празниците, победа на животот над смртта!

Гостиварпред 17 часа

Повредени маж и малолетник во несреќа на патот Дебар-Маврово

Гостиварпред 1 ден

Споделена велигденска радост во Гостивар: Христос Воскресе – Навистина Воскресе!

Гостиварпред 1 ден

Велигденска честитка на Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 1 ден

Стојаноска: Бројот 2 е да си ја зачуваме историјата и да ја градиме иднината за нашите деца

Вестипред 1 ден

РАДОСТ ВО ЕРУСАЛИМ: Благодатниот оган се спушти во црквата Воскресение Христово

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 1 ден

Пендаровски во Гостивар – Да не се враќаме назад во време на препукување: Кој е поглавен во оваа заедничка куќа

Вестипред 2 дена

Велика Сабота, ден на слегувањето на Благодатниот оган: Чудо и привилегија на православните верници

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена