Вести
Продажбата на автомобили во ЕУ во 2022 година на најниско ниво
Продажбата на нови автомобили во Европската Унија има пад во 2022 година, на најниско ниво од 1993., поради недостиг на делови што предизвика прекини во производството, објави здружението на производители АЦЕА.
Во 26-те земји на ЕУ, без Малта, минатата година се регистрирани 9,26 милиони нови автомобили, што е најмалку од 1993. и покрај подобрувањето во периодот од август до декември, забележува АЦЕА. Во однос на 2021 година, продажбата е намалена за 4,6 отсто.
Во категоријата водечки пазари, само Германија има раст во 2022 година, за 1,1 отсто, благодарение на напредокот во декември. Во Италија продажбата е намалена за 9,7 отсто, во Франција за 7,8 отсто, а во Шпанија за 5,4 отсто.
Во декември, продажбата на ниво на ЕУ има скок за 12,8 отсто во споредба со истиот месец претходната година, со регистрирани 896.967 нови автомобили.
Во групата од четири водечки пазари, Германија и Италија забележаа двоцифрен раст на продажбата, за 38,1 и 21 отсто, соодветно.
Шпанскиот пазар има пад од 14,1 отсто, додека францускиот пазар стагнира.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените