Здравје и убавина
Утрински напиток за добар метаболизам
Многу луѓе се соочуваат со проблематичен дигестивен систем и тешкотии за празнење на цревата. Ова е напиток кој може да помогне за подобро варење на храната и забрзување на метаболизмот. Можете да се пиете наместо утринско кафе или пред кафето.
Состојки:
300 мл вода (млака, а не претопла)
1 лажица чист природен јаболков оцет
сок од половина лимон
1 лажица мед
1/2 лажичка цимет
Подготовка:
Сите состојки ставете ги во сад за подготовка на шејк или во шише. Добро измешајте и тоа е се‘.
За да го подобрите варењето на храната и олесните празнењето на цревата променете некои навики. Избегнувајте да јадете големи количини храна. Наместо еден обилен оброк, поделете ја храната на 5-6 помали во текот на денот. Освен количината на храна, важен е и начинот на кој јадете. Ако јадете пребрзо, голтате многу воздух, што создава надуеност и гасови. За да го олесните варењето, добро џвакајте го секој залак и држете го во устата доволно долго за дигестивните ензими од плунката да почнат да работат веќе во устата.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ