Регион
Јаков Милатовиќ нов претседател на Црна Гора
Јаков Милатовиќ победи на вчерашните претседателски избори во Црна Гора, освојувајќи околу 60 отсто од гласовите, додека неговиот противкандидат и актуелен претседател Мило Ѓукановиќ освои околу 40 отсто, објави ЦЕМИ.
Излезноста на изборите беше 70 отсто од вкупно запишаните околу 550.000 гласачи.
По гласањето, Милатовиќ беше сигурен во победата и тврдеше дека во првиот круг разликата била над 70.000 гласови и дека ја сметал за недостижна.
Јаков Милатовиќ е економист, поранешен министер за економски развој во првата влада формирана по парламентарните избори одржани во август 2020 година, на кои Демократската партија на социјалистите (ДПС) на Ѓукановиќ го загуби мнозинството во парламентот за првпат по три децении.
Својата изборна стратегија Милатовиќ ја базираше на економската реторика и одлуката на владата во која беше министер да ја зголеми минималната плата во Црна Гора од 220 на 450 евра.
Во пресрет на вториот круг, Милатовиќ беше поддржан од мнозинството противкандидати од првиот круг на изборите, а пред се Андрија Мандиќ, лидер на просрпскиот демократски фронт, кој доби 19 отсто поддршка и Алекса Бечиќ од Демократската Црна Гора, која пред две недели ја поддржаа околу 10 отсто од гласачите.
Милатовиќ е третиот претседател на Црна Гора од независноста во 2006 година.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ