Гостивар
Распоред на богослужби во Гостивар за претстојните празнични денови
Во предвелигденските денови во викендов што е пред нас, православните верници одбележуваат неколку значајни празници. Утре е Свето Благовештение, во сабота е Лазарева сабота, додека во недела се празнува Цветници.
Свето Благовештение (Благовец) се вбројува во постојаните празници и секогаш е на 7 април. На овој ден Гаврил се јави во архангелска светлина и `и соопшти на Дева Марија дека е одредена од Бога да го роди Исус.
Лазарева сабота е со променлив датум, односно секогаш се паѓа еден ден пред Цветници, кој пак празник е точно една недела пред Велигден. На Лазарева сабота се споменува чудесното воскресение на четиридневно упокоениот Лазар, извршено од Исус Христос.
Цветници се празнува во спомен на влегувањето на Исус Христос во Ерусалим, кога неговите ученици и следбеници со цвеќе и врбови гранчиња како и со својата облека, му го постилале патот.
Од гостиварското архиерејско намесништво информираат за распоредот на богослужбите во Гостивар за овие празници:
Свето Благовештение (петок), богослужба во Св. Петка, 8 часот
Лазарева сабота (сабота), богослужба храм Пресвета Богородица, 8ч.
Цветници (недела), богослужба храм Пресвета Богородица, 8ч
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!