Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Вметнете пченка во исхраната, прави чуда за здравјето, содржи малку калории, го забрзува метаболизмот…

Објавено

на

Пченката е една од омилените житни култури која не само што е многу вкусна и лесна за подготовка, туку носи и многу придобивки за нашето здравје доколку редовно ја консумираме. Како што објаснуваат нутриционистите, пченката содржи малку калории и големи количини на јаглехидрати, амино киселини, витамини од групата Б, фолна киселина, ниацин, фосфор, калиум и магнезиум. Токму затоа советуваат дека оваа храна треба да ја јадеме што почесто.

Благодарение на бројните нутритивни вредности, консумацијата на пченка има многу придобивки. Еден од нив е намалување на ризикот од болести на срцето и циркулаторниот систем. Оваа храна е одличен извор на калиум, есенцијална супстанца која помага во регулирањето на циркулаторниот систем со одржување на правилен проток на крв и силна работа на срцето.

Пченката содржи и лутеин, каротеноид сличен на витаминот А, кој најчесто се наоѓа во овошјето и зеленчукот. Познат е по тоа што го намалува ризикот од макуларна дегенерација, катаракта и многу други очни болести.

Исто така, консумирањето на пченка придонесува за подобро дигестивно здравје. Причината е што оваа сезонска храна е богата со диетални влакна, кои се неопходни за одржување на здрав начин на живот, а нуди и многу други придобивки, како што се регулирање на празнењето на цревата, управување со нивото на шеќер во крвта и забрзување на метаболизмот, што помага при слабеење.

И последно, но не и најмалку важно е фактот дека редовното консумирање пченка го намалува ризикот од деменција, а особено од Алцхајмерова болест. Имено, содржи антиоксиданс кверцетин, за кој истражувачите веруваат дека може да има заштитен ефект од овие болести. Кверцетинот, наводно, ги штити невронските клетки и ја намалува невроинфламацијата, потенцијално намалувајќи ја инциденцата на деменција.

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена