Поврзи се со нас

Македонија

Посебен сообраќаен режим околу Лешок за Голема Богородица

Објавено

на

Секторот за внатрешни работи Тетово информира дека се завршени планираните подготвителни активности за непречено и безбедно одржување на традиционалните свечености по повод претстојниот православен христијански празник Успение на Пресвета Богородица, попознат во народот како Голема Богородица, кои на 27-ми и 28-ми август ќе се организираат во манастирскиот комплекс во село Лешок.  Во рамките на овие активности, покрај другото, граѓаните се известуваат дека ќе биде воведен посебен сообраќаен режим кој ќе започне да се применува на 27-ми август (недела) во 16 часот  и кој ќе трае се до завршување на празничните свечености.

„Во тие рамки влезот кон манастирскиот комплекс ќе биде од пред бензинската пумпа на „Лукоил“ кон селото Лешок, а излезот преку локалните улици кон селото Слатино. Одвивањето на сообраќајот во двете насоки ќе го регулираат полициски службеници на СВР Тетово. Покрај ова, на сите граѓани кои со возила ќе пристигнуваат до  манастирскиот комплекс им се советува исклучиво да ги паркираат на  паркиралишта, определени за таа намена  и целосно да ги почитуваат наредбите на полициските службеници кои ќе го насочуваат  движењето на возилата кон манастирскиот комплекс и обратно“, информираат од СВР Тетово.

Тетовската полиција потенцира дека доколку се исполнат сите места на предвидените паркиралишта, возилата ќе можат да ги оставаат на десната страна од патот.  Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до возачите да не возат побрзо од дозволеното и да избегнуваат консумирање алкохол доколку со возила пристигнат или се враќаат од Лешок.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 3 недели

Вечен помен и слава! Девет години од смртта на хероите Горан и Ненад

Македонијапред 3 недели

9 мај – Ден на победата над фашизмот

Гостиварпред 2 недели

Сообраќајна несреќа во Гостивар: Повредени пет лица, оштетени пет возила

Гостиварпред 4 недели

Споделена велигденска радост во Гостивар: Христос Воскресе – Навистина Воскресе!

Гостиварпред 4 недели

Инцидент на патот Гостивар-Кичево

Гостиварпред 1 недела

Букви на кирилица и глаголица и македонското знаме на натписот Гостивар во пресрет на 24 Мај

Гостиварпред 4 недели

Излетал од пат четирицикл во Галичник, повредени девојка и момче

Македонијапред 3 недели

Кои се старо-нови пратеници, а кој ќе се збогува со Собранието

Бизниспред 4 недели

ИНОВАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА АСИНУС- ГОСТИВАР: Складирање на свежо овошје со био турбо технологија во нов погон во Македонски Брод

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 3 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 5 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 6 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 6 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 9 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 10 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена