Технологија
Safari стана вториот најпопуларен веб прелистувач во Светот
Safari стана вториот најпопуларен интернет прелистувач во светот. Најновите податоци покажуваат дека Chrome е неприкосновен лидер на десктоп компјутерите, со 61,1 отсто пазарен удел. Safari е втор со удел од 14,45 отсто, а потоа следат Edge, Firefox и Opera, кои имаат 10,77 отсто, 6,04 отсто и 5,31 отсто од пазарот, соодветно.
Донекаде слична е ситуацијата и на мобилните уреди, каде доминира Chrome со 64,82 отсто удел, додека Safari има 24,82 отсто. Интересно е што Edge и Firefox не се појавуваат на оваа листа. Наместо тоа, Samsung Internet, UC Browser и Opera го обезбедија третото, четвртото и петтото место со пазарни удели од 4,3 отсто, 1,81 отсто и 1,75 отсто, соодветно.
Низ сите платформи, Chrome одржува доминантен пазарен удел од 62,55 проценти, што го прави јасен лидер. Следува Safari со 20,5 проценти. Edge, Opera и Firefox ја заокружуваат првата петорка, со пазарни удели од 5,28 проценти, 3,22 проценти и 2,8 проценти. Овие резултати покажуваат дека додека повеќето корисници на Mac и iPhone остануваат лојални на Safari, Chrome останува префериран веб – прелистувач за корисниците на Android и Windows.
Ќе биде интересно да се следат овие статистики во наредните месеци, бидејќи Мајкрософт ги имплементираше ChatGPT способностите во Edge и како резултат на тоа, за само неколку месеци доби десетици милиони корисници, односно сега има повеќе од 300 милиони активни корисници на месечна основа.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Македонијапред 3 месеци
Најнова одлука: Од утре промената на возачките, сообраќајните и патните листови ќе бидат без надоместок
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостиварско архиерејско намесништво: Распоред на дежурни свештеници за Задушница