Македонија
УЈП го менува начинот на поднесување на даночна пријава
![](https://gostivarpress.mk/wp-content/uploads/2017/01/23012017093051_web_ujp_shalter-banskoliev_1.jpg)
Граѓаните нема да мора да поднесуваат годишни даночни пријави лично, како до сега. УЈП ќе има обврска да ги собере сите податоци за остварените приходи на физичкото лице и компјутерски да му ги достави. Секој граѓанин ќе има лозинка преку која ќе може да влезе во пријавата доставена од УЈП и да направи проверка на своите податоци.
Ако забележи дека во пријавата не се внесени некои од остварените приходи истите ќе може сам да ги додаде.
“Тоа значи дека УЈП ќе предлага годишна даночна пријава во електрнска форма која ќе се вика пред пополнување за да може граѓанинот да направи проверка на податоците. Се работи за подобрување на систем кој значително ќе помогне за намалување на гужвите на шалтерите, и ако добро профункционира значително ќе помогне и за зголемување на приходите во буџетот по овој основ” – вели Павле Гацов, економски аналитичар.
Гацов смета дека со новиот начин на поднесување на даночните пријави нема да се отвори простор за малверазии.
“Како и до сега така и со новиот систем со кои практично граѓаните се ослободуваат од обврската да одат на шалтер се предвидува секој кој ќе се обиде да сокрие дел од приходите остварени во текот на годината, да превземе голем ризик и може да се најде на црната листа на управата за јавни приходи” – додаде тој.
Гацов очекува новиот систем да биде добро направен и да има капацитет да опслужува над 300 илјади граѓани кои ќе имаат обврска да поднесат годишна даночна пријва и да нема откажување на системот како што неколку пати тоа се случува при поднесувњето на годишните даночни биланси од страна на сметководствените бироа.
Новиот систем на поднесување годишна даночна пријави треба да почне да фунцкионира од следната година.
-
Гостиварпред 3 недели
Стани успешен техничар за е-трговија, дигитален маркетинг и угостителство, сметководител, банкар, правник – запиши се во СЕОУ Гостивар
-
Парламентарни избори 2024пред 3 месеци
Потврдени листите на СДСМ, гостиварката Ема Нешковска трета во ИЕ 6
-
Гостиварпред 3 месеци
Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување
-
Гостиварпред 2 месеци
Физички напади и групна тепачка вчера во Гостивар
-
Регионпред 3 месеци
Во Хрватска повлечени наполитанки од познат бренд
-
Гостиварпред 2 месеци
Вечен помен и слава! Девет години од смртта на хероите Горан и Ненад
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостиварец го загуби животот во сообраќaјна несреќа
-
Гостиварпред 3 месеци
Несреќа на патот Гостивар – Стража, сообраќајот во прекин