Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Денес е најдепресивниот ден во годината, еве совети како полесно да го „истуркате“

Објавено

на

Тажниот или „син“ трет понеделник во јануари се смета за најдепресивниот ден во годината … Ова не се заснова на научни факти, но сепак, многумина чувствуваат емоционални тешкотии и предизвици во зимскиот ден кога температурите сè уште се ниски, деновите се сè уште куси, а празниците се зад нас.

Теоријата за „тажниот син понеделник“ е поставена 2004 година од Клиф Арнал, велшки психолог кој предавал во вечерното училиште при Универзитетот во Кардиф. Самопрогласениот гуру зел предвид бројни фактори, меѓу коишто и временските услови, долговите, времето по Божиќ и мотивацијата. Формулата на Арнал гласи: [V + (D – d)] k TK / M k Na. Притоа, V означува време, D – долгови, d – месечна плата, T е за дните минати од Божиќ, K – денот кога сме се откажале од новогодишните одлуки, M е за нивото на мотивација и N е „параметарот“ за чувството дека треба да направиме нешто.

Прво ме замолија да смислам ден кој според мене е најдобар за да резервирам летен одмор. Кога почнав да размислувам за мотивите за резервирање одмор, сеќавајќи се што ми кажаа илјадници луѓе за време на работата и предавањата, сите овие фактори укажаа дека третиот понеделник во јануари е особено депресивен, рече во една прилика д-р Дин Бурнет за „Дејли телеграф“ говорејќи за „тажниот понеделник“.

Тој сепак смета дека таа теорија е научно бесмислена и потенцијално штетна.

Ако знаете нешто за психологијата, менталното здравје или како функционира реалниот свет, „тажниот понеделник“ нема апсолутно никаква смисла!, нагласи тој. – Сепак, долги години во медиумите се следи како да е утврден факт. Неделите по Божиќ се релативно тешки поради лошото време, финансиите се исцрпени поради празниците, нема причина за славење, сите се трудат да се придржуваат до исхраната и слично, додава д-р Бурнет

Така, првиот совет гласи: Освежете ги Вашите цели и приоритети! „Тажниот понеделник“ може да биде прилика за повторно сосредоточување на целите и приоритетите за претстојнава година. Поставувањето нови цели или преразгледување и надградба на постоечките може да даде чувство за цел и мотивација.

Натаму, направете план за физичка активност! Телото и умот се поврзани, па и редовното вежбање може да го подобри расположението. Прошетки, трчање низ парк или вежбање на справи може да помогне во ослободувањето на ендорфините – природни телесни супстанции што го намалуваат стресот.

Поврзете се со пријателите и семејството! Поддршката од околината и опкружувањето има клучна улога во борбата против лошото расположение. Денеска е совршен ден за дружење со саканите, заради попријатни чувства и поведар дух.

Работете на Вашето ментално здравје! „Тажниот понеделник“ е и потсетник за грижа за менталното здравје. Можеби е време за разговор со психолог, ако тоа е потребно.

Дозволете си да се опуштите! Не заборавајте на себе си и Вашите потреби. Опуштањето и занимациите коишто исполнуваат и носат радости – без разлика дали тоа е читање книга, гледање филм или медитација – сè тоа е многу препорачливо и пожелно.

Поставете си „дневни цели за среќа“! Наместо да се сосредоточите на еден ден, последниот совет гласи: размислете за поставување дневни цели, за посреќни денови преку цела година. Ова помага да се одржи потребниот позитивен дух.

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Физички напади и групна тепачка вчера во Гостивар

Гостиварпред 4 недели

Поради дефекти прекин во водоснабдувањето во дел од Гостивар и Бањица

Гостиварпред 2 недели

Вечен помен и слава! Девет години од смртта на хероите Горан и Ненад

Гостиварпред 4 недели

Напад на малолетник во угостителски објект во Гостивар

Претседателски избори 2024пред 4 недели

Резултати за Врапчиште со обработени 92% од избирачките места

Македонијапред 2 недели

9 мај – Ден на победата над фашизмот

Гостиварпред 4 недели

Фолклорот и традицијата во Гостивар како предвесници на празничната велигденска атмосфера

Претседателски избори 2024пред 4 недели

Резултати од ДИК за гласањето во Гостивар со обработени 69% од избирачките места

Претседателски избори 2024пред 4 недели

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова 362.682 (40,08%), Стево Пендаровски 180.306 (19,93%)

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 5 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 6 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 6 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 9 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 10 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена