Гостивар
Близу Стража лоцирана уште една рисица, екологистите ја нарекоа Луна
![](https://gostivarpress.mk/wp-content/uploads/2024/01/ris.jpg)
Македонското еколошко друштво утрово информираше дека во рамки на активностите за заштита на балканскиот рис, лоцирана е уште една рисица.
„Среќна вест! Тимот на МЕД минатата ноќ лоцираше нова рисица, и тоа во кафез-замката која беше направена минатата недела, а поставена пред само три дена. Рисицата Луна пред само неколку часови беше лоцирана на планината Буковиќ, во близина на Стража. Тешка е 16 килограми и е во одлична здравствена состојба. Откако беа направени потребните прегледи и ѝ беше поставен околувратник преку кој ќе го следиме нејзиното движење, таа беше пуштена на слобода“, соопштија од друштвото.
Проценките се дека на Балканот има уште 40 возрасни единки на балкански рис, којшто според Меѓународната унија за зачувување на природата (IUCN) има статус на критично загрозено животно.
Досега со радиотелеметрија и GPS-лоцирање се заловени десетина различни единки рис во рамки на истражувачките активности од Програмата за закрепнување на балканскиот рис кои МЕД систематски ги спроведува од 2010 година.
-
Гостиварпред 3 недели
Стани успешен техничар за е-трговија, дигитален маркетинг и угостителство, сметководител, банкар, правник – запиши се во СЕОУ Гостивар
-
Парламентарни избори 2024пред 3 месеци
Потврдени листите на СДСМ, гостиварката Ема Нешковска трета во ИЕ 6
-
Гостиварпред 3 месеци
Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување
-
Гостиварпред 2 месеци
Физички напади и групна тепачка вчера во Гостивар
-
Регионпред 3 месеци
Во Хрватска повлечени наполитанки од познат бренд
-
Гостиварпред 2 месеци
Вечен помен и слава! Девет години од смртта на хероите Горан и Ненад
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостиварец го загуби животот во сообраќaјна несреќа
-
Гостиварпред 3 месеци
Несреќа на патот Гостивар – Стража, сообраќајот во прекин