Поврзи се со нас

Избори 2024

ДИК ги утврди, но и отфрли неколку листи за избор на пратеници во Собранието

Објавено

на

Државната изборна комисија (ДИК) попладнево, во рамки на 96. седница, ги утврди листите за избор на пратеници поднесени од неколку партии за одреден број изборни единици (ИЕ), но исто така и отфрли неколку листи.

Едногласно беа прифатени листите за пратеници на Демократи – Скопје за ИЕ 6, на Единствена Македонија за ИЕ 1, 2, 3, 4 и 5, на Нова алтернатива и Десна за ИЕ 1, 2 3 и 4, на Работничка партија за ИЕ 1 и 5, како и на Родина Македонија за ИЕ 3.

Поради некомплетна документација, пак, согласно член 67 став 6 од Изборниот законик, едногласно беа отфрлени листите на кандидати за пратеници во ИЕ 2, 3, 4 и 6 на Работничка партија, листата на Едниствена Македонија за ИЕ 6 и листите на кандидати на Десна за ИЕ 5 и 6.

Во однос на листата на Работничка партија за ИЕ 6, членот на ДИК, Борис Кондарко, информира дека се воочени специфични неправилности за кои се известени надлежните институции.

-При прегледување на документите на оваа партија за ИЕ 6, имаше специфични неправилности кои треба да ги испитаат други инстиуции кои службено ги известивме согласно Изборниот законик, рече Кондарко.

По завршувањето на гласањето за листите, тој процедурално се јави за збор и соопшти дека Нова алтернатива за ИЕ 5 и 6 поднела листи на кандидати, но вон рокот, поради што тие листи ДИК нема да ги земе предвид.

-Оваа партија доставила две листи вон рокот и ДИК нема законска основа, ниту обврска да постапува, односно да дава дополнителен рок за исправка, објасни Кондарко.

ДИК претходно, изврши жрепка за распределба на локациите на рекламните паноа и билборди врз основа на членот 78-а од Изборниот законик за изборите за пратеници во Сообранието на Република Северна Македонија.

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 часа

Свеченост за 24 Мај во Гостивар: Почит кон нашето културно и духовно богатство

Парламентарни избори 2024пред 8 часа

ДИК ги додели уверенијата за пратенички мандати

Македонијапред 9 часа

Јадење, пиење, облека, сметки…Мајските трошоци за семејство 60.090 денари

Македонијапред 10 часа

Велковски: Околу 9000 социјални семејства оштетени за 120 евра годишно

Македонијапред 11 часа

Метео предупредување за невреме

Гостиварпред 11 часа

Два случаи на семејно насилство вчера на подрачје на Гостивар

Македонијапред 14 часа

Македонија дел од кампања на Амбер Алерт Европа-Како да се постапи при исчезнување на дете

Гостиварпред 14 часа

Света архијерејска Литургија во бигорскиот скит во Битуше посветен на браќата Кирил и Методиј

Парламентарни избори 2024пред 15 часа

Гласаат болни, немоќни и затвореници пред утрешното прегласување за парламентарните избори во 7 избирачки места

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 5 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 9 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 10 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена