Македонија
Овие институции од 1 септември ќе работат во две смени
![](https://gostivarpress.mk/wp-content/uploads/2017/08/salter.jpg)
Административците ќе работат во две смени и секоја прва сабота во месецот. Од 01 септемрви се воведува флексибилно работно време за сите вработени во државната управа.
Одлуката помина на седница на Владата. Во две смени ќе работат одредени институции како Управата за јавни приходи, Царинската управа, Управата за водење на матични книги, оддели од МВР и одбрана како и општините.
– Работното време во овие институции ќе се одвива од 7:00 до 14:30 часот и од 14:00 до 21:30 часот, како и првата сабота во месецот со време на работа од 8:00 до 16:00 часот, изјави министерот Манчевски
Според владината одлука работниот ден и натаму ќе трае 8 часа, за оние кои ќе работат во една смена ќе почнува меѓу 7 30 и 8 30 и ќе трае до 15 30 и 16 30.
– Ова е една од мерките коишто Владата ќе ги преземе во насока на овозможување подобри услови за вработените во јавната администрација. Исто така, со оваа мерка сакаме да им излеземе во пресрет и на родителите коишто во различно работно време почнуваат со работа. Очекуваме оваа мерка да придонесе кон намалување на сообраќајните гужви особено во големите градови пред почетокот и по завршувањето на работното време, рече министерот Дамјан Манчевски.
Одлуката е донесена по серијата консултации со граѓаните и со претставниците на невладиниот сектор и синдикатите.
-
Гостиварпред 3 недели
Стани успешен техничар за е-трговија, дигитален маркетинг и угостителство, сметководител, банкар, правник – запиши се во СЕОУ Гостивар
-
Парламентарни избори 2024пред 3 месеци
Потврдени листите на СДСМ, гостиварката Ема Нешковска трета во ИЕ 6
-
Гостиварпред 3 месеци
Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување
-
Гостиварпред 2 месеци
Физички напади и групна тепачка вчера во Гостивар
-
Регионпред 3 месеци
Во Хрватска повлечени наполитанки од познат бренд
-
Гостиварпред 2 месеци
Вечен помен и слава! Девет години од смртта на хероите Горан и Ненад
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостиварец го загуби животот во сообраќaјна несреќа
-
Гостиварпред 3 месеци
Несреќа на патот Гостивар – Стража, сообраќајот во прекин