Спорт
Почна одбројувањето до старт на ЕВРО2024
![](https://gostivarpress.mk/wp-content/uploads/2024/06/rigore-2.jpg)
Одбројувањето до почетокот на Европското фудбалско првенство во Германија влезе во последната недела пред воведниот дуел меѓу домаќинот и Шкотска, на 14 јуни во Минхен.
По последното ЕВРО2020, кое беше одложено за една година, а се одржа во време на пандемија на коронавирусот и во дури 11 земји и 11 градови, овогодишното издание повторно ќе биде во една земја, а натпреварите ќе се играат во десет германски градови.
ЕВРО2024 се одржува во напната глобална клима со воени конфликти во Украина и на Блискиот Исток и затоа безбедноста е „главен приоритет“ за домаќините.
Германците се подготвуваат за „сите можни сценарија“, од тероризам, хулиганство и сајбер напади.
Формиран е привремен полициски центар во Северна Рајна-Вестфалија, каде се наоѓаат четири од десетте стадиони на кои се одржуваат натпреварите.
„Никогаш не можеме да гарантираме 100% безбедност“, рече гувернерот на Северна Рајна – Вестфалија, Херберт Реул, но додаде „Можеме да се подготвиме најдобро што можеме“.
Безбедносните сили ќе имаат задача да заштитат околу 2,7 милиони навивачи, 24 базни кампови на репрезентациите низ целата земја и 10 стадиони на кои ќе се одиграат 51 натпревари помеѓу 14 јуни и 14 јули.
Исто така, се очекува фан зоните да привлечат околу 12 милиони посетители.
Шампионската титула ќе ја брани Италија, која во финалето на Вембли ја победи Англија со 3-2 по изведувањето пенали. Тоа беше втора титула за Италијанците по славјето во 1968 година.
-
Гостиварпред 3 недели
Стани успешен техничар за е-трговија, дигитален маркетинг и угостителство, сметководител, банкар, правник – запиши се во СЕОУ Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Физички напади и групна тепачка вчера во Гостивар
-
Регионпред 3 месеци
Во Хрватска повлечени наполитанки од познат бренд
-
Гостиварпред 2 месеци
Вечен помен и слава! Девет години од смртта на хероите Горан и Ненад
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостиварец го загуби животот во сообраќaјна несреќа
-
Гостиварпред 3 месеци
Несреќа на патот Гостивар – Стража, сообраќајот во прекин
-
Гостиварпред 3 месеци
Над 530.000 денари украдени од картичка на гостиварец
-
Гостиварпред 2 месеци
Поради дефекти прекин во водоснабдувањето во дел од Гостивар и Бањица