Поврзи се со нас

Македонија

Венко Филипче нов претседател на СДСМ: Ќе го вратиме достоинството на партијата

Објавено

на

Венко Филипче е избран за нов претседател на СДСМ на вчерашните вонредни внатрепартиски избори со над 9000 гласа од вкупно излезени 12200 гласачи од запишаните 23 000.

Филипче изјави дека СДСМ докажа дека има демократски капацитет и високо ниво на професионализам.

-Ценам дека е спроведен беспрекорен изборен ден и целосно легитимен изборен процес. Сакам да им честитам и на моите сопартијци кои беа дел од оваа изборна трка. Драго ми е што имавме конкурентни избори со повеќе кандидати. Од оваа кампања верувам дека сите научивме по нешто и сечиј придонес беше важен, СДСМ уште еднаш го покажа својот демократски капацитет кој како иден претседател ќе го негувам и унапредувам, рече Филиче упатувајќи благодарност до сите кои гласаа на изборите.

Вети дека ќе направи се за да не ја изневери добиената доверба и на она на што се обврза.

-Оваа победа за мене претставува огромна одговорност кон вас членовите на СДСМ, кон сите наши граѓани и кон нашата држава. Вечерва во СДСМ победи професионализмот, епматијата, грижата за луѓето како мои основни вредности по кои ќе работи и функционира СДСМ. Моја цел е да ги вбризгам во СДСМ приципите кои ме водат во мојот личен и професионален живот – принципите на заедништво, другарство. заемна почит и отворена комуникација, рече Филипче.

Нагласи дека нема време за славење туку дека сега е време за обнова на СДСМ и за многу работа.

-Следи период на реорганизација и реформа согласно моите програмски ветувања со кои сум сигурен дека СДСМ повторно ќе победува. Ова нема да биде ниту брзо ниту лесно, но јас знам дека нема друг начин да ја вратиме довербата кај нашите членови освен да направиме вистински темелни промени. Промените не можеме ниту да ги лажираме ниту да бидат половични, туку вистински и искрени за да може полека но сигурно да ги освојуваме срцата на граѓаните, рече Филипче според кого ако успеат во тоа само така партијата ќе биде уште посилна и ќе продолжи да биде мотор на општетстевниот напредок.

Тој нагласи дека е време да се стават настрана личните интереси и да се залагаме и носиме одлуки за општо добро.

Вети дека како претседател нема да дели туку ќе обединува, ќе води со пример, силно ќе се спротистави на оние кои ќе сакаат да ја ослабат партијата на сметка на личниот интерс, дека СДСМ ќе биде приземна, отворена и модерна партија подготвена за претстојните  предизвици.

-Многумина сакаа да ја видат СДСМ клекната и поразена. Се надеваа дека партијата нема да опстане и се ситат на изборниот пораз. Ветувам дека ќе го вратиме достоинството на партијата, а на оние кои се надеваат на лоша иднина им порачувам – длабоко ќе се разочараат. Ветувам дека ќе бидеме силна опозиција, ќе се бориме со сите сили да ги спречиме лошите политики на власта и ќе бидеме коректив во општеството. СДСМ бил и ќе биде гласот на разумот, секогаш кога граѓанската волја ќе биде погазена, или се прават штети на држвата. СДСМ секогаш ја одбирал страната на напредокот, на демократијата, на државноста и европските вредности и затоа мора да продолжиме да чекориме по тој пат, мора да се бориме граѓаните да го препознаат тоа во нас, бидејќи тоа ќе значи победа за СДСМ, порача Филипче.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 3 недели

Стани успешен техничар за е-трговија, дигитален маркетинг и угостителство, сметководител, банкар, правник – запиши се во СЕОУ Гостивар

Видео емисиипред 4 недели

Гледајте денес – Видео интервју со д-р Стојо Бошкоски

Гостиварпред 3 недели

MINT fintech group и во Гостивар: Менувачница, Осигурување, Инвестициски решенија, Дигитални плаќања, Кредити..

Гостиварпред 4 недели

Автомобил излетал од патот Гостивар – c.Беловиште и паднал во Лакавичка река

Гостиварпред 3 недели

Долга традиција на незаменлив вкус, „Ла Шишко“ со нов локал во Гостивар

Гостиварпред 2 недели

ИНТЕРВЈУ со Анастасија Јосифовска од Гостивар, студент на магистерски програм за медиумски комуникации во Словенија

Вестипред 4 недели

Ефикасна смеса за чистење ‘рѓа од две состојки кои ги имаме дома

Гостиварпред 2 недели

Дорис Димовска, млада музичка надеж од Гостивар подготвена да ја освојува сцената

Гостиварпред 4 недели

Возило излетало од патот Маврово-Дебар, тешко повредена 47 годишна жена

Гостиварпред 3 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 4 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 6 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 6 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 7 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 7 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 10 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 10 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 11 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена