Вести
Автомобил заврши на зеленилото и турна сообраќаен знак
Утрово околу 9 часот и 15 минути во Гостивар се случила сообраќајна несреќа на раскрсницата меѓу ул „Гоце Делчев“ и „Илинденска“.
Според информациите од СВР Тетово, во несреќата учествувале „пежо 106„ со скопска регистрација управувано од 51 годишен гостиварец и „мерцедес“ со гостиварски таблици што го возел 43 годишен гостиварец. Во сообраќајката со телесни повреди се здобил возачот на пежото, кој бил префрлен во болницата во Гостивар за да се утврдат видот и карактерот на повредите. Неговиот автомобил завршил во зелениот појас и удрил во сообраќаен знак.
По овластување на Јавен обвинител, увид извршила екипа од ПС Гостивар. Првично причина за несреќата е непочитување првенство. Материјалната штета се проценува на околу 1.000 евра.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Македонијапред 3 месеци
Најнова одлука: Од утре промената на возачките, сообраќајните и патните листови ќе бидат без надоместок
-
Гостиварпред 2 месеци
Гостиварско архиерејско намесништво: Распоред на дежурни свештеници за Задушница