Поврзи се со нас

Вести

Предновогодишните забави ги полнат локалите во Гостивар

Објавено

на

Предновогодишниот период е време кое поголем дел од граѓаните го користат за забави и дружења. Дали е преку ден или навечер, веќе не е ни важно, сите сакаат максимално да се опуштат и да се оттргнат од секојдневието во пресрет на новата година. Кафеаните, пицериите, рестораните и кафулињата низ Гостивар и околината деновиве се полни. Угостителите се трудат да привлечат што поголем број гости со своите понуди, комбинираат мениа, ангажираат музичари за свирка во „живо“…

За предновогодишните журки нема штедење. Така припадничките на женскиот пол неретко се подновуваат со ново парче облека, прават фризури и професионална шминка. Целта не е само да се биде убав на самата забава, туку и на сликите со кои фејсбук и инстаграм се преплавени деновиве. Со се јадење и пиење лесно може да се потрошат неколку илјади денари за една вечер.

Речиси и да нема фирма, организација, институција од која вработените нема да се соберат на предновогодишно дружење. Лека полека таквите собиранки станаа традиција со која се заокружува годината. Но, не се само забавите „од работа“ модерни. Последните години дружби имаат цели соседства, или другари и другарки од детството, па бивши колеги итн. Освен тоа, овој период од годината доаѓаат и роднините од странските држави, што е уште еден повод за уште една заедничка забава.

Што се однесува до подарувањето, кај нас не се негува традиција на разменување на подароци под елката. Среќата да си најдат подарок под елката најчесто ја имаат само дечињата. Подарокот за возрасните е заменет со излегување во кафеана, прославување и наздравување.

Угостителите ќе заработат некоја пара плус, граѓаните ќе се опуштат и со повеќе оптимизам ќе ја дочекаат новата година. Нозете ќе болат од играње, паричникот ќе се испразни, ќе има и мамурлук, но за добра забава и убави спомени гостиварци се подготвени на „жртви“.

Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Физички напади и групна тепачка вчера во Гостивар

Гостиварпред 4 недели

Поради дефекти прекин во водоснабдувањето во дел од Гостивар и Бањица

Гостиварпред 2 недели

Вечен помен и слава! Девет години од смртта на хероите Горан и Ненад

Гостиварпред 4 недели

Напад на малолетник во угостителски објект во Гостивар

Претседателски избори 2024пред 4 недели

Резултати за Врапчиште со обработени 92% од избирачките места

Македонијапред 2 недели

9 мај – Ден на победата над фашизмот

Гостиварпред 4 недели

Фолклорот и традицијата во Гостивар како предвесници на празничната велигденска атмосфера

Претседателски избори 2024пред 4 недели

Резултати од ДИК за гласањето во Гостивар со обработени 69% од избирачките места

Претседателски избори 2024пред 4 недели

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова 362.682 (40,08%), Стево Пендаровски 180.306 (19,93%)

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 5 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 6 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 6 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 9 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 10 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена