Вести
Општина Гостивар: Сите екскурзии на учениците ќе се реализираат според планот
![](https://gostivarpress.mk/wp-content/uploads/2018/01/26510545_10215216911002729_1501870142_o.jpg)
Сите училишни екскурзии во гостиварските училишта ќе се реализираат според предвидениот план, соопшти денес општина Гостивар, по појавувањето на информации меѓу ученици и родители за можни одложувања на ученичките патувања.
„Учениците и родителите не треба да се грижат. Ученичките екскурзии ќе се реализираат согласно предвидениот план на Министерството за образование и ние како општина ниту сакаме ниту можеме да интервенираме тука, во ситуација кога ни се одземени надлежностите во образованието”, стои во изјавата на раководителката на Секторот за образование Аслиан Снопче со објаснување дека шпекулациите за наводно неспроведување на екскурзиите се појавиле по поднесување на жалба од страна на една туристичка агенција за екскурзиите во гостиварската гимназија. „Таа постапка ќе продолжи преку судски пат и нема да биде поврзана со реализацијата на екскурзиите.“, објаснува Снопче.
-
Гостиварпред 3 недели
Стани успешен техничар за е-трговија, дигитален маркетинг и угостителство, сметководител, банкар, правник – запиши се во СЕОУ Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Физички напади и групна тепачка вчера во Гостивар
-
Регионпред 3 месеци
Во Хрватска повлечени наполитанки од познат бренд
-
Гостиварпред 2 месеци
Вечен помен и слава! Девет години од смртта на хероите Горан и Ненад
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостиварец го загуби животот во сообраќaјна несреќа
-
Гостиварпред 3 месеци
Несреќа на патот Гостивар – Стража, сообраќајот во прекин
-
Гостиварпред 3 месеци
Над 530.000 денари украдени од картичка на гостиварец
-
Гостиварпред 2 месеци
Поради дефекти прекин во водоснабдувањето во дел од Гостивар и Бањица