Вести
Последен натпревар: КК Гостивар го пречекува должникот Куманово
Во последниот натпревар сезонава, КК Гостивар денес ја пречекува екипата на Куманово, може да се рече најголемиот должник сезонава. „Бело-сините“ ги загубија сите три натпревари сезонава од кумановци. Четвртата позиција која водеше во финалниот плеј-оф, КК Гостивар исто така ја загуби во директен дуел со кумановци. Во овој натпревар Србиновски и кошаркарите немаат друг мотив освен да одиграат за честа на клубот и публиката, која им беше верна преку цела сезона.
Кај гостиварци нема повредени играчи, сите го чекаат последниот натпревар.
Ова беше успешна сезона за КК Гостивар. Како повратници во првата лига, првична цел беше опстанок, а на крај се зацементира петтото место на табелата. Најважно од се, на домашните натпревари секогаш полна сала и задоволна публика.
Денешниот натпревар започнува во 17 часот. Влезниците се пуштени во продажба во сите веќе добро познати места.
Робев, Сегариќ, Ро. Димитриевски, Магдевски, Тасовски, Никс, Ре.Димитриевски, Павловски, Димчевски, Зеќири, младите: Јовицовски, Ѓорѓиевски, Симуноски, Мухареми, тренерите: Србиновски, Јаковчевски, Димитриевски, физотерапевтот: Ѓорѓески, спортскиот директор: Божиновски, тим менаџерот: Саити, навивачите, целокупната управа, спонзорите, пријателите на клубот јавно ја повикуваат гостиварската публика: Последен пат сезонава да ја наполниме спортската сала Младост и ја потврдиме титулата „ГРАДОТ НА КОШАРКАТА“!
Навивачката група Gostivar Ultras ги повикува сите навивачи од Гостивар кои сакаат заеднички да ги бодрат кошаркарите на КК Гостивар да дојдат во Градски парк, еден час пред почетокот на натпреварот.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ