Поврзи се со нас

Вести

Во Гостивар промовиран проектот: Развој на микро-претпријатија на жени во преку-граничната област

Објавено

на

Вчера во Гостивар беше промовиран проектот “Развој на микро-претпријатија на жени во преку-граничната област” кој го спроведува Центарот за управување со Промени (ЦУП) како водечки партнер, заедно со Институтот за човекови права (ИЧП) и Фондацијата – Егалите како партнери на македонска страна.

На промоцијата се презентираа активностите кои ќе се реализираат во склоп на овој проект, со кој се нуди техничка поддршка и разновидни бизнис советодавни услуги во процесот на основање и развој на микро-претпријатиja на жени во прекуграничната област на Полог и Елбасан.

На настанот присуствуваа жени претприемачки од Гостивар и околината, повеќето како претставници на услужниот сектор, како и неколку жени со свои идеи за започнување бизнис од производствен сектор од мал обем и/или услужен сектор. Истите имаа можност да ги претстават своите бизниси, како и да слушнат каква поддрша им се нуди преку проектот. Присуствуваа и претставници од Центарот за вработување во Гостивар, кои исто така презентираа дел од активните мерки кои нудат можност за воспоставување нови и развој на постоечки бизниси со цел подобра координација и усогласено делување со споменатиот проект. Истовемено се дискутираше за сите поголеми проблеми и пречки кои се исправаат на патот на еден добро осмислен систем за развој на микро-претпријатијата во сопственост на жени во полошкиот како и поширокиот прекуграничен регион со Албанија.

Проектот е дел од програмата за прекугранична соработка финансирана од Делегација на Европската унија. Партнер на албанската страна од границата е Центарот за компаративни и меѓународни студии од Тирана.

Периодот на импелементација на проектот е 30 месеци и се реализира во периодот од април 2018 до септември 2020.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 4 часа

Стојаноска: Промените ќе се случат на 8-ми мај, со уште поголема поддршка за бројот 2

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 4 часа

Нешковска: Да ја движиме државата напред наместо да ја блокираме, ве охрабрувам да го дадете гласот за поддршка на бројот 1

ИЗБОРИ 2024пред 9 часа

Утре гласаат 11.123 болни и немоќни лица за претседателските и 11.225 за парламентарните избори

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 11 часа

СДСМ организираше велигденска забава на плоштадот во Гостивар

ИЗБОРИ 2024пред 13 часа

Право на глас на вториот круг од претседателските избори имаат 1.814.317, а на парламентарните 1.815.350 граѓани

Здравје и убавинапред 14 часа

Етерични масла против алергии

ИЗБОРИ 2024пред 15 часа

Вечерва на полноќ настапува предизборен молк

Гостиварпред 16 часа

Новата седмица почнува со сонце, ќе продолжи со дожд и ветер

Вестипред 16 часа

Денес е Ѓурѓовден, празник во слава на природата и животот

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена