Вести
Зачестени случаи на повредени работници во гостиварско
Периодов зачестија случаите на повреди при работа во гостиварскиот регион. Во текот на овој месец ги имало вкупно девет. Работници завршуваат со скршеници на раце, нозе, па и на главата.
Статистиката на СВР Тетово покажува дека од јануари до септември на поширокото гостиварско подрачје имало 24 несреќи при работа, од кои една завршила фатално, со смртни последици.
Најмногу од несреќите во овој период се случиле при изведување на градежни активности на објекти, монтирање на различна опрема, управување со возила или машини и друго. Полицијата бележи дека најчеста причина за случаите е човечкото невнимание. Така било дури во 20 несреќи. Како останати причини се наведуваат непридржување кон заштитните стандарди и критериуми, дотраеност на опремата за работа или заштитната опрема и временски неприлики.
Во годишниот извештај на Македонското здружение за заштита при работа е наведено дека во 2017 година во земјава се случиле 158 несреќи при работа, од кои 24 со смртни последици. Во просек на секои 100.000 вработени, загинуваат 3 до 4 работници, што е висока стапка на фатални несреќи при работа.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 3 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Вестипред 3 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостиварско архиерејско намесништво: Распоред на дежурни свештеници за Задушница
-
Парламентарни избори 2024пред 2 месеци
Потврдени листите на СДСМ, гостиварката Ема Нешковска трета во ИЕ 6