Вести
90.000 квадратни метри за 1.111 евра во Врапчиште – Објавен нов оглас за закуп на земјоделско земјиште
Објавен е јавен оглас за давање во закуп над три хектари државно земјоделско земјиште, соопшти денеска ресорниот министер Љупчо Николовски.
Станува збор за 1.420 хектари, односно вкупно 23 парцели во 13 региони: Штип, Гостивар, Гевгелија, Куманово, Неготино, Велес, Ресен, Свети Николе, Валандово, Гази Баба, Кратово, Берово и Струга.
Во гостиварскиот регион земјиштето кое се нуди во огласот, се наоѓа во катастарска парцела Врапчиште. Со површина од 9 хектари, наменето за „Подигање на долгогодишни насади и изградба на објект за примарна обработка на земјоделски производи – кланички капацитети“. Почетна цена за целото земјиште е 1.111 евра.
Право на учество на јавниот оглас имаат домашни физички и правни лица и странски правни лица. Физичките лица треба да се регистрирани вршители на земјоделска дејност и/или запишани во единствениот регистар на земјоделски стопанства и/или да се трговец поединец на кои земјоделското производство или преработката на примарни земјоделски производи им е претежна дејност.
Огласот е денеска објавен во „Службен весник“ и ќе трае наредните 30 дена. Ќе се реализира преку електронско јавно наддавање.
Целиот оглас може да го погледнете тука.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Македонијапред 3 месеци
Најнова одлука: Од утре промената на возачките, сообраќајните и патните листови ќе бидат без надоместок
-
Гостиварпред 2 месеци
Гостиварско архиерејско намесништво: Распоред на дежурни свештеници за Задушница