Гостивар
Лекарите вложуваат натчовечки напори за повредените – врз млада пациентка извршени тешки операции
Состојбата на критичните повредени патници кои се лекуваат на клиниките во Скопје и градската болница „8-ми септември“, за сега останува непроменета. Во тешка состојба со повреди од животозагрозувачки карактер се пет пациенти, од кои три се на клиниките и двајца во воената болница.
Врз 20 годишна девојка на клиника се извршени две тешки операции на ногата. „Тим од анестезиолог, трауматолог, васкуларен, абдоменален и пластичен хирург одлучи да се преземат две оперативни интервенции за да се спаси нејзиниот живот. Интервенциите течеа според планираното. Состојбата на пациенетката останува иста, со највисоки ризици за преживување. Се прават натчовечки напори за да се спаси нејзиниот живот. На интензивна него има уште двајца пациенти кои се во многу тешка критична состојба и за нив постојано се консултираме конзилијарно, ангажирани сме максимално за нивната состојба“, вели Илир Хасани, директор на клиничкиот Ургентен центар.
Двајцата повредени кои се во „8-ми септември“ и се во критична состојба се мажи на возраст од 40 до 50 години со тешки повреди на мозокот. Од оваа болница денес на домашно лекување беа пуштени шест пациенти.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Вестипред 3 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостиварско архиерејско намесништво: Распоред на дежурни свештеници за Задушница
-
Парламентарни избори 2024пред 2 месеци
Потврдени листите на СДСМ, гостиварката Ема Нешковска трета во ИЕ 6