Рецепти
Домашен сок од цреша по рецепт на нашите баби

Сокот од цреша е незаменлив пијалок за време на топлите летни денови. Се прави на различни начини, ви ја предлагаме традиционалната и најздравата верзија на овој сок без конзерванси.
Израдувајте се себеси и вашето семејство, со помош на овој стар, домашен рецепт…
За домашен сок од цреша ви треба:
– 3 кг цреши
– 1,5 l вода
– 40 гр лимонтос
– шеќер (колку литри течност – толку килограми шеќер)
Подготовка:
Црешите исчистете ги и измијте ги. Ставете ги во поголем сад, прелијте ги со вода и додадете сок од лимон. Изгмечете ги со раце додека не ги извадите семките од секоја цреша.
Оставете ги мелените цреши да отстојат 24 часа, па процедете ги (преку метална цедалка или газа, зависи дали сакате погуст или бистар сок).
Додадете иста количина шеќер на количината на добиениот сок (на пример, ако сте добиле 5 литри сок, додадете 5 кг шеќер).
Сокот се става на шпорет, на силен оган и додека се загрева, се меша да се растопи шеќерот. Оставете го сокот да зоврие само еднаш (околу 2 минути вриење), а потоа оставете го да се излади и додајте го лимонтосот.
Кога сокот од црешни ќе се излади доволно, истурете го во стаклени шишиња и чувајте го во фрижидер или на друго ладно и суво место.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 3 дена
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 3 месеци
Месецов исплата на парите од МојДДВ за период октомври-декември 2024
-
Македонијапред 4 недели
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Гостиварпред 3 месеци
Бесник Зеќири стапи на функцијата директор на болницата во Гостивар
-
Македонијапред 4 недели
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос