Поврзи се со нас

Гостивар

Образованието повторно отвори „војна“ меѓу општина Гостивар и Министерството

Објавено

на

Сликата од февруари лани, се повтори и годинава – општина Гостивар остана без надлежностите во образованието. Министерството ги одзеде ингеренциите за разрешување и именување на директори во училиштата, со образложение дека биле констатирани прекршувања во законот. Огнот меѓу двете страни веднаш се разгоре и секој се обидува да си ја брани својата вистина.

„Разрешувани се директори во основните и средни училишта без постапка, именувани се директори без постапка и голем дел од нив не ги исполнувале условите пропишани со закон за да бидат директори.“, изјави министерот за образование, Арбер Адеми.

Градоначалникот Арбен Таравари, пак одлуката за одземање на ингеренциите ја оцени како политички реваншизам.

„Нема повреда на законот за да биде донесена таква одлука. Еднаш ги одземаа надлежностите девет месеци, и тоа време беше искористено од партијата на власт за да ги вратат директорите кои јас ги разрешив, значи директорите од поранешниот режим во Гостивар.  За среќа во таа несреќа, тие огласи ги објавиле во два весника за да ги вратат старите директори на ДУИ, а според законот требало во три. Поради таа причина ги разреши и самиот министер, тоа е документирано. На истиот начин како што тој разреши еден директор, јас ги разрешив и другите“, вели градоначалникот.

Со свои реакции излегоа и гостиварските ограноци на ДУИ и Алијанса за Албанците. Очекувано, ДУИ во одбрана на одлуката на Министерството, Алијанса во одбрана на Таравари.

Во меѓувреме трпат учениците и наставниот кадар во училиштата во Гостивар, со оглед на честите промени на директорските места.

Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Спортпред 4 часа

Тајсон Фјури и Олександр Усик по 25 години ќе боксуваат за шампион во тешка категорија

Избори 2024пред 6 часа

ДИК: Прегласување и разрешени избирачките одбори во избирачките места 1470/1, 1470, 1194, 1202, 1844, 1272 и 2101

Гостиварпред 9 часа

Поставени нови иновативни корпи за отпушоци во центарот на Гостивар

Здравје и убавинапред 11 часа

Светски ден на ретката болест порфирија

Спортпред 1 ден

Мбапе ќе потпише 5-годишен договор со Реал и ќе зема 15 милиони евра годишно плата

Македонијапред 1 ден

УЈП ги потсетува граѓаните да ги проверат своите годишни даночни пријави за 2023

Гостиварпред 1 ден

Генералка викенд 2024 – Гостивар заеднички исчистен на неколку локации

Гостиварпред 1 ден

Советот на Општина Гостивар одобри јавно-приватно партнерство за поставување соларни панели на општински објекти

Гостиварпред 1 ден

Приведен жител на Дебреше поради закани и кражба на мобилен телефон

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена