Здравје и убавина
Моќна четворка за пролетно ЧИСТЕЊЕ на организмот!
Природата дава повеќе начини за елиминирање на токсините од организмот. При изборот на овошје и зеленчук, со кои ќе го направите пролетното чистење на сите системи во телото, треба да бидете внимателни. Одбирајте такви кои имаат јака природна боја и благотворно делуваат на црниот дроб, орган кој важи за машина за прочистување на нашиот организам.
Аспарагус
Првиот член на моќната четворка е аспарагусот. Извонреден зеленчук, кој е богат со магнезиум, бакар, фолна киселина и со витамин Е. Главна состојка му е аминокиселината аспарагин која го поттикнува чистењето на бубрезите, го активира црниот дроб и жолчката, а со самото тоа го поттикнува исфрлувањето на отровните материи од организмот. Најновите студии потврдиле уште едно позитивно дејство и тоа за лачење на хормотнот на среќата во мозокот. Нема дилема – јадете аспарагус!
Артичока
Нејзините лековити својства се познати со векови. Помага во намалување на симптомите на изгореници од сонце и мамурлак предизвикан од алкохол. Особено делотворна против висок холестерол, синдром на иритирање на дебело црево (IRB), проблеми со бубрезите, анемија, задржување на течности, артритис, инфекции на мочниот меур и проблеми со црниот дроб. Богата со фолна киселина, витамини Ц и К, минерали: бакар, магнезиум и манган.
Млад спанаќ
Пролетта е идеално време да се ужива во младиот спанаќ. Содржи витамини К и Ц, богат е со калиум, има железо и се што ви треба за да ви даде енергија и да ја одржи до максимум. Се смета за одличен чистач на црниот дроб. Нискокалоричен е и може да се додава во сите врсти на готвени јадења и салати.
Јагоди
Еден мал филџан од омиленото овошје, јагоди, е доволен да ве прероди од глава до петици. Оваа количина има само 45 калории, а ги задоволува дневните потреби од витамин Ц. Супер детокцификатор и сојузник во борба против пролетниот замор. Делуваат во намалување на брчките на кожата и против стареење на целиот организам.
-
Македонијапред 3 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Вестипред 3 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Парламентарни избори 2024пред 2 месеци
Потврдени листите на СДСМ, гостиварката Ема Нешковска трета во ИЕ 6
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостиварско архиерејско намесништво: Распоред на дежурни свештеници за Задушница
-
Гостиварпред 3 месеци
„Пациенти“ во Гостивар, урнебесна комедија за брачните „војни“