Гостивар
Секој ден приведувања поради дрога во Гостивар – Шест лица уапсени на патарина
Гостиварската полиција периодов спроведува засилени акции за откривање на дрога и наркотични средства и речиси секојдневно има апсења во тој правец. Вчеравечер, во ПС Гостивар завршиле шест лица, кај кои била пронајдена марихуана и кокаин.
Како што информираат од Секторот за внатрешни работи, во 20.15 часот кај наплатната рампа Гостивар од страна на полициски службеници од Полициската станица Гостивар лишени биле од слобода 27 годишниот К.Н. и 24 годишниот Б.Д., двајцата од Скопје. Кај нив полицијата нашла марихуана и кокаин.
Два часа подоцна, на истото место од слобода биле лишени 29 годишниот И.М. 33 годишниот И.А. и 32 годишните Г.М. и Л.Н. сите од Скопје, поради тоа што при извршен преглед кај нив била пронадена марихуана.
Лицата биле приведени и задржани во полициска станица за понатамошна постапка.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Македонијапред 3 месеци
Најнова одлука: Од утре промената на возачките, сообраќајните и патните листови ќе бидат без надоместок
-
Гостиварпред 2 месеци
Гостиварско архиерејско намесништво: Распоред на дежурни свештеници за Задушница