Поврзи се со нас

Гостивар

Нова сезона, нова нафака – КК Гостивар го почнува првенството!

Објавено

на

Поминаа 133 дена од последниот официјален натпревар на „бело-сините“  во минатата сезона. По повеќе од четири месеци пауза, КК Гостивар влегува во нова натпреварувачка сезона. Викендов започнува трката по 28-тата шампионска круна во Првата кошаркарска лига, овојпат на Северна Македонија.

Позади екипата на КК Гостивар, има повеќе седум недели подготовки. „Бело-сините“ имаа период на напорни тренинзи, т.е јаки подготвителни натпревари против квалитетни противници. Тимот на Марјан Србиноски во тие натпревари покажа изразита стабилност и висока ефикасност со атрактивна и течна игра, која сигурно ќе биде уживање за оние кои ќе ги следат натпреварите на гостиварскиот прволигаш.

„Веруваме во фантастичната желба на овие момци, ги прифатија условите во клубот и градот, прифатија да се борат за нашиот дрес. Многу напори вложивме да имаме конкурентен тим и прволигаш со кој можеме сите да се гордееме. Тоа е најмалку што може да направиме на нашиот град. КК Гостивар е на сите вас, дојдете сите заедно да уживаме во уште една сезона, која со сигурност ќе донесе многу возбуда и радост. Посакуваме со победа да ја започнеме новата сезона“, велат од КК Гостивар.

Тимот на гостиварци сезонава претрпе неколку измени во ростерот, доведени се Донован Доналдсон, Ѓорѓе Џелетовиќ, Арсеније Вучковиќ, Оливер Тасков и Александар Штерјов како нови засилувања. Но, задржан е костурот на тимот кој донесе многу убави моменти минатата сезона. Александар Костоски, Ренато Димитриески, Роберт Димитриески, Диме Тасоски, Ивица Димчевски, Милан Димитриески, потпомогнати со „свежа крв“ односно младинците од школата на КК Гостивар, Таулант Ибраими, Кристијан Столески, Марко Пецаноски, Александар Ристоски, се кошаркарите кои ќе ја водат главната битка во првенството. Од клупата ќе координираат Србиноски со помошниците Јаковчески и Димитриески.

Во првото коло ждрепката не беше баш наклонета кон дебитантот во Првата лига, екипата на ФМП Академија. „Академците“, на премиерата треба да истрчаат на паркетот во Младост, во најкошаркарскиот град, пред најкошаркарскта публика во државата, против полуфиналистот од Ф4 минатата сезона.

Натпреварот е закажан за сабота од 18 часот, влезници може да се набават во B&B Tobacco и на благајна пред почетокот на мечот.

За КК Гостивар и не е толку важно против кого ќе ја започне новата сезона, победа, максимална пожртвуваност и борбеност, задоволна публика е императив против секој противник кој гостува во Младост. Веруваме дека така ќе биде и во новата сезона.

За Гостивар пак, периодот од 133 дена без најпозитивниот настан, кој во континуитет носи радост и возбудливи моменти последниве години е премногу!

„Која позиција кој треба да игра“, „кој играч треба да го стави Марче“, „кого требаше да донесе клубот“, „ќе бега ли уште некој преку ноќ“, „колку пари има клубот“, „како треба да се игра одбрана“, „колку сме брзи доле, колку сме ниски горе“, „колку првенства ќе освоиме сезонава..“,  се дел од неисцрпните теми, кои веќе се секојдневие и на големо се елаборираат и дискутираат помеѓу гостиварци и многу, многу, ретко некој да не е во право.

Што ќе донесе новата сезона, никој не може да знае, дека Гостивар никогаш нема да се предаде, тоа е сигурно!

„Бело-сино“ семејство, со среќа!

Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 1 час

Ковачевски официјално се повлекува од функцијата претседател на СДСМ

Македонијапред 2 часа

Спречен влез на 1,7 тони вијагра и стимуланси за нервниот систем, штетни по здравјето на граѓаните

Гостиварпред 5 часа

25 годишна жена го пријавила партнерот за напад на улица во Гостивар

Гостиварпред 6 часа

Економското училиште во Гостивар домаќин на полуматурантите-Презентирани можностите, бенефитите и условите

Македонијапред 7 часа

Според ДЗС просечната нето плата во март била 40.496 денари

Гостиварпред 9 часа

Осквернавено срцето со македонското знаме и букви на натписот Гостивар

Гостиварпред 9 часа

Акциска контрола во Гостивар, санкционирани 12 пешаци

Македонијапред 9 часа

Сиљановска Давкова ја предводи државно-црковната делегација во Рим и Ватикан на одбележување на Денот на сесловенските просветители

Парламентарни избори 2024пред 12 часа

Прегласување во седум избирачки места за Парламентарните избори 2024

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 5 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 6 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 9 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 10 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена