Поврзи се со нас

Фељтон

„Така се зборува во Гостивар“ – 2 дел

Објавено

на

Како што најавивме и оваа недела објавуваме извадок од книгата „Така се зборува во Гостивар“ од авторот Боге Димитриески. Изборот падна на раскажувањето на Симе Трифуноски врзано со животот во Гостивар пред Втората светска војна. Прочитајте што во тоа време имало во градот, како се живеело и збор-два за легендарниот воз „Ќиро“

Гостивар пред Втората светска војна

Ја сум Трифуноски Симе, сега жител` во Гостиар. Меѓутоа, сум роден во село Долно Јеловце во илјада деветстотини триесет и прва година. У ствари, триеска година, а преселени сме во Гостиар илјада деветсто триес прва година, така да нашите роднини работеле во Романиа, спечалиле некој динар и направиле куќа во Гостивар. Откако е направиле куќата, нè доселиле во Гостиар. Мие од село коа сме дошле, сме донеле и крави, сме напраиле и амбари дома, сме рачунале пóлу-сéлски, пóлу-грáдски да живēме. Бидејќи Гостивар беше претежно тоа време бил и беше земјоделски град, така да секоја куќа имала по еден ул`чук, два, три и чувале по една крава, две. Со тоа така егзистенција имале. Народот бил многу сиромашен тоá-време. Голем дел само од домашните производи се бавел, од тоа преживуал. Еден дел од граѓаните биле по гурбет. Другиот дел ситни занаетчии, мали, меѓутоа, сиромаштиа, немало кој кому да продават за да имат добра зарада и егзистенциа. Така се живило денеска за утре. Без многу печалби и богатење. Така, тоá-време.

Гостиар имаше четири џамии. Едната џамија дваесчетвǎрта година ја запалиле Србите. Со гас ја полиле, ја запалиле-тō во џамиските дуќани сегашни, во центарот ке сǎт џамиските, тō било џамиа. Тā е запалена во илјадо деветсто дваесчетврта. Србите. Таке, им сметала тā џамиа. Друга џамиа е рушена после ослободуење во паркчето сегашно, во плоштадот. Тā џамиа ја руши власта тогашна, на чело со Реи Шаќири. Од Ресен беше, претседник во Собрание. Тој прв се качи со копачот даде пример за да се рушит тā-џамиа. Го грдеше градот, многу стара џамиа беше и со ѕидои заградена, со дуќанчиња. Со ќепенци, тоа се руши, така да на тоа место парк се подигна. Еве и ден-дéнеска, паркот е многу убав, граѓаните идат туе, се рекреираат. Малу воздух за градот, зеленило е тоа, во плоштадот, во градот, немат зеленило, тоа паркчето му дават украс.

Инаку, Ромите беа многу сиромаси. Ромите без све амали. Тога немаше колица или кола некому да донесе појќе роба. Амали, нá-рамо. И тие амали од то аживеа. Многу бедно. Жените нивни одеа на берење грав по турските фамилии кǎде што…Познато е дека нивните жени не-óдē, муслиманите бē забулени тога; фереџе имаа, нé-бē отворени жените. Тō, покасно ќ` онǎдат, негде, педесетите години се одбулија, фереџето го фрлија. И со закон на државата. Инаку, тога Ромите одеа на пченка им береа, грав им береа, одеа, питаа по све селата, сиромашни, со торби носе абрашн, да-`и-прéранат децата, голи, боси. Многу сиромашни.

Инаку, порано во Гостивар немало дрва со камиони, со коли. Све со товари. А тō, претежно товарите со магариња и со коњи. Од Печково, Долно Јеловце, Лешница, од Новó-Село, Среткō, Церово, Сушица. Кǎде што е сега Општината, тоа беше нон-стоп со дрва. И граѓаните ќе земет три-четири тоара, пет тоара за зима, тоа му е. И тестерачи Роми имаше кои ќе ти `и сечеа дрвата. Така, нема како сеа со кубици, со струја, со парни работи-тоа беше…Тō беше спор живот. Колку вовчето што одеше до Скопје, колку магарето што идеше, толку и граѓаните така живеа. Во ēн живот мирен. Возот седум сāти малиот воз одеше до Скопје. Ако сакаш бела-кóшула д` облечеш, ќе поеш црн тамо. Внǎтра, во вовчето, имат ќумбенце мало, тоа чадит внǎтра. Ако излезеш надвор, тоа чадот од машината.Инаку, возот је правен во балканските војни. Тринǎеста-четрнǎеста. Бугарите го имāт напрǎено. Од Гостивар до Охрид. И тоа све кулук бéз-пари сел`аните, граѓаните. Секоја óд-куќа по двајца. Еден ќе остаеле дома. За три години е напрǎена тā пруга. Пāтоа Гостивар-Скопје-Тетово; Гостивар-Дебар-Кичево исто така Бугарите имат напрǎено. Инаку, бил тој коњски пат. До тринǎеста-четрнǎеска година. Немало кола да одит. Колесници со двé-колца, со двá-вола могла негде да одит, донекаде. Другото све со коњски каравани. Затō Гостивар анои имало. Во Вруток анови, Маврови Анови, надолу све, преспиуале тија со колите оти не могле дǎлго коњите дǎ `и малтретираат. Морале да одмараат да `и хранат. И престојуале во тија анои. Инаку, превозот беше тамо со коли, кираџии. Со по две-кóњчиња, за Мавроо, за Галичник, за Дебар, за Тетово-све со коњи и со коли. Со двá-коња, едно коњче;од тоа живеа тија л`уѓе.

Инаку, многу бедно живеење. Занаетчиите, ти викам, од Тетово беа. Текстилот Турците го држеа. Текстилните производи. Иначе, конфекција немаше тогаш. Народото купуаше текстил за да с`облечат. А бакалниците и другите `и држеа Македонците. Бакалниците и тија…А текстил, тие и златарите беа Турци. Со тоа се бавеа тија тоá-време. Иначе, сиромаштиа голема. Голема. Боси, голи…Турците беа многу сиромаси. Многу немаа од кǎде да живеат. Жените со налани дрвени им одеа. Тие со изварка, со водата од сирењето, од урдата живеа дома. Толку бедно…Тоа све за стара , Кралевина Југославија ова зборам.

(Симе Трифуноски 1931)

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 2 часа

Стојаноска: Промените ќе се случат на 8-ми мај, со уште поголема поддршка за бројот 2

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 3 часа

Нешковска: Да ја движиме државата напред наместо да ја блокираме, ве охрабрувам да го дадете гласот за поддршка на бројот 1

ИЗБОРИ 2024пред 8 часа

Утре гласаат 11.123 болни и немоќни лица за претседателските и 11.225 за парламентарните избори

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 10 часа

СДСМ организираше велигденска забава на плоштадот во Гостивар

ИЗБОРИ 2024пред 12 часа

Право на глас на вториот круг од претседателските избори имаат 1.814.317, а на парламентарните 1.815.350 граѓани

Здравје и убавинапред 12 часа

Етерични масла против алергии

ИЗБОРИ 2024пред 14 часа

Вечерва на полноќ настапува предизборен молк

Гостиварпред 15 часа

Новата седмица почнува со сонце, ќе продолжи со дожд и ветер

Вестипред 15 часа

Денес е Ѓурѓовден, празник во слава на природата и животот

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена