Гостивар
Ќе се мапира и дигитализира археолошкото културно наследство на Гостивар
Конзерваторскиот Центар во Гостивар изминатиот период за прв пат спроведуваше сондажни археолошки истражувања на локалитети во гостиварско, со цел за нивна заштита. Тим од гостиварскиот центар, во соработка со стручни екипи од Арxеолошкиот Музеј, од Националниот конзерваторски центар, како и истржувачи од катедра по Археологија при Филозофскиот факултет во Скопје работеа на Ѓоновичко Кале и Калето над селото Равен. За во иднина планирано е мапирање и дигитализирање на археолошка карта на гостиварскиот регион.
„Македонија е многу богато тло со археолошки локалитети и гостиварскиот регион не е изоставен од тоа богатство. Ние како две институции, Конзерваторски центар Гостивар и Националниот конзерваторски центар, ма тична установа која секогаш дава стручна помош на останатите центри, планираме повеќегодишна соработка. Во блиска иднина планираме мапирање и дигитална археолошка карта на Гостивар и со тоа да ја видиме целосната слика како Гостивар стои со археолошкото културно наследство и што треба во овој момент да се направи за негова заштита. Со Конзерваторскиот центар плановите ни се големи, исчекорите први ни се веќе направени , што значи дека во иднина ќе имаме уште повеќе успеси. Интересно е тоа што се` што до сега се работело било исклучиво со површински проспекции, а никогаш не се направиле сондажни археолошки истражувања, што значи сега испишуваме историја“, вели д-р Сања И. Велкоска, од Националниот конзерваторски центар.
Првичните проценки на стручните лица се дека на гостиварското подрачје има околу 150 археолошки наоѓалишта.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Македонијапред 3 месеци
Најнова одлука: Од утре промената на возачките, сообраќајните и патните листови ќе бидат без надоместок
-
Гостиварпред 2 месеци
Гостиварско архиерејско намесништво: Распоред на дежурни свештеници за Задушница