Занимливости
2019 беше втората најтопла година откако постојат мерења на температурата
Минатата 2019 беше втора најжешка година веднаш зад 2016 година, објави пред некој ден Светската метеоролошка организација (WMO).
Просечната глобална температура е 1,1 Целзиусови степени повисока од просечните температури од втората половина на 19 век, вели агенцијата на ОН со седиште во Женева.
„Ако се продолжи со сегашните нивоа на емисии на јаглерод диоксид, ние се придвижуваме кон пораст на температурата од три до пет степени до крајот на векот“, предупреди генералниот секретар на (WMO), Петери Талас.
Покрај тоа што беше исклучително топла, 2019 година ќе биде запаметена и по падот на обемот на глечерите, рекордното покачување на нивото на морето и зголемувањето на температурите и киселоста на океанот, како и екстремнните временски прилики.
„2020 продолжува таму каде што застана 2019 година – со катастрофални временски услови и настани поврзани со климата“, рече Талас. Истакнувајќи ги шумските пожари во Австралија кои следеа по жешката 2019 година, како најтопла и најсушна година во историјата на тој континент.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!