Рецепти
Какао напиток за уживање
Доколку сте љубители на какао и чоколада, еве еден одличен рецепт за смути напиток полн со антиоксиданси, од кој, ни со боја ни со вкус, нема да бидете разочарани. Во овој рецепт не се додава шеќер, туку единствен засладувач е зрела банана, а наместо кравјо, во подготовката се користи бадемово млеко.
Со овој смути напиток може да го започнете денот, да се наградите себеси после тренинг или да го ублажите гладот на работа.
Состојки:
350 ml бадемово млеко
200 g спанаќ
2 банани
2 лажички какао
1 лажичка чиа семе
¼ лажичка цимет
Сите состојки ставете ги во блендер. Додека мешате, по желба ставете и неколку коцки мраз. Иако овој напиток може да се пие и покасно, сепак највкусен е веднаш после подготвувањето.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ