Рецепти
Посни енергетски плочки
Сите барем еднаш сме пробале од диеталните “чоколатца” на познатите производители на здрава храна. Еве како да направите сами посни, енергетски плочки.
Состојки:
200 g урми
100 g овесни снегулки (житарки)
50 g лешници
50 g бадеми
50 g ореви
30 g карамелизирани зрна брусница
Малку сол
2 лажици вода
Подготовка:
- Урмите ставете ги во вода така што ќе бидат потполно потопени и оставете ги десетина минути да омекнат и отстранете ја лушпата.
- Во блендер сомелете ги урмите и додајте малку сол и вода за да се добие потребната густина. Потоа додадете ги лешниците, бадемите, оревите и брусницата малку да се изсецкаат и на така подготвената смеса додајте ги овесните житарки и рачно измешајте додека смесата, убаво, не се соедини.
- Сместата распоредете ја во поширок, плиток сад обложен со фолија и добро порамнете ја и истискајте ја за убаво да се нагмечи. Покријте ја со фолија и ставете ја во ладилник за да се разлади и да се стегне.
- Исечете долгнавести плочки и додека се послужувате, чувајте ги во ладилник.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ