Вести
Нови засилени антикорона мерки: Кафеаните и кафетериите да работат до 18 часот, да се откажат семејните веселби и сите собири…
Забрана на сите јавни и приватни собири без разлика на бројката на присутни, кафетериите и рестораните да работат до 18 часот и дополнително да го преполоват капацитетот, односно растојанието помеѓу гостите да биде најмалку 1,5 метар. Да се затворат и сите места кадешто се собираат граѓани, како теретани, спортски сали и други места, се новите препораки кои денес Владата треба да ги донесе на предлог на Комисијата за заразни болести.
Дополнителните мерки ги соопшти министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција, со образложение дека е неопходно да се зајакне превенцијата со оглед на состојбите во Италија. Потенцирајќи дека препораките мора да се почитуваат од сите установи, запознати се и верските заедници во земјава од кои е побарано да ги почитуват препораките.
На новинарско прашање, министерот потврди дека последните препораките ќе важат и за обложувалници, казина и сл.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!