Поврзи се со нас

Гостивар

Таравари: Нема простор за паника – останете дома, почитувајте ги препораките за самоизолација!

Објавено

на

Општина Гостивар заедно со Врапчиште и Боговиње формираше Кризен штаб за координирање на активности и мерки против Ковид 19. На подрачјето на овие три полошки општини нема заболени од коронавирус, а градоначалниците повикаа граѓаните да ги почитуваат препораките за заштита, да не излегуваат без потреба, а сите  коишто доаѓаат од странски земји, да останат дома 14 дена, додека трае периодот на инкубација и ризикот од зараза.

„Кризниот штаб се сретна со сите институции под централна и локална власт, коишто имаат надлежности околу коронавирусот. Нашата констатација е дека ситуацијата е многу сериозна, но воопшто не е за паника. Во трите општини нема регистриран случај, направени се тестови до сега на неколку граѓани кои дошле од ризични земји и тие биле негативни. Нашата препорака е граѓаните да седат во своите домови, да имаат што помалку контакти со други луѓе и така може најмногу да помогнат. Како општински управи ние работиме интензивно, за чистење и дезинфекција на сите улици и институции коишто се под наши ингеренции. Чекаме нови препораки од Централниот Кризен штаб, па согласно нив ќе делуваме. Во четврток повторно ќе имаме состанок на локалниот Кризен штаб, а до тогаш остануваме 24 часа во координација со сите институции“, изјави Таравари.

Инаку, глетката низ Гостивар преку ден и навечер е сосема различна. Откако ќе се стемни, речиси и да нема движење на луѓе низ улиците, а преку денот може да се забележи вообичаена раздвиженост и тоа на граѓани од сите возрасти од деца до пензионери. Дел од нив, носат заштитни ракавици и маски, а дел не.

Угостителските објекти, обложувалниците, казината генерално ја почитуваат забраната за работа. Зголемени се полициските контроли. Самоиницијативно, неколку такси компании привремено прекинаа со работа.

 

Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Спортпред 7 часа

Тајсон Фјури и Олександр Усик по 25 години ќе боксуваат за шампион во тешка категорија

Избори 2024пред 9 часа

ДИК: Прегласување и разрешени избирачките одбори во избирачките места 1470/1, 1470, 1194, 1202, 1844, 1272 и 2101

Гостиварпред 12 часа

Поставени нови иновативни корпи за отпушоци во центарот на Гостивар

Здравје и убавинапред 14 часа

Светски ден на ретката болест порфирија

Спортпред 1 ден

Мбапе ќе потпише 5-годишен договор со Реал и ќе зема 15 милиони евра годишно плата

Македонијапред 1 ден

УЈП ги потсетува граѓаните да ги проверат своите годишни даночни пријави за 2023

Гостиварпред 1 ден

Генералка викенд 2024 – Гостивар заеднички исчистен на неколку локации

Гостиварпред 1 ден

Советот на Општина Гостивар одобри јавно-приватно партнерство за поставување соларни панели на општински објекти

Гостиварпред 2 дена

Приведен жител на Дебреше поради закани и кражба на мобилен телефон

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена