Поврзи се со нас

Вести

Светиот крст за Водици во Гостивар во рацете на Павел Давидоски!

Објавено

на

Павел Давидоски од Гостивар имаше најмногу среќа и го фати светиот крст во водите на Вардар на прославата на Богојавление Водици во Гостивар.


Белата снежна покривка уште повеќе ја разубави празничната атмосфера, а ниските температури не ги спречија гостиварци масовно да бидат дел од годинешната манифестација.

Прославата на Водици започна утрово со света литургија во соборниот храм „Пресвета Богородица“, во срцето на Гостивар.  Голем број верници беа дел од литијата што по богослужбата, тргна од црквата и преку централното градско подрачје се движеше до малиот мост на Вардар. Од таму митрополитот тетовско-гостиварски г.Јосиф го изврши чинот на осветување и го положи светиот крст во реката.

Ова е трета година по ред како Богојавление во Гостивар се слави со положување на крстот во реката Вардар. Традицијата после речиси седум децении пауза беше возобновена на радост и задоволство на верниците кои масовно ја поддржуваат.

 

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена