Поврзи се со нас

Вести

СП 2017: Македонија изигра храбро против Исланд (27:27) – се избори за да ја добие Норвешка

Објавено

на

По нерешените 27:27 во дуелот со Исланд во Мец, македонската ракометна репрезентација го освои 3. место во групата Б на Светското првенство што се одржува во Франција. Ова значи дека во осминафиналето избраниците на селекторот Лино Червар ќе се сретнат со Норвешка и ќе го избегнат актуелниот светски шампион и домаќин на првенството.

Вчерашниот натпревар со Исланд македонските ракометари одлично го почнаа и по седум минути водеа со 4-0. Во тие моменти одбраната функционираше беспрекорно, а во нападот се погодуваше од сите позиции. Следуваа три лоши минути со технички грешки, серија од 5-0 за Исланѓаните и преземање на водството кое го зголемија до максимални плус три (9:6). Во 23.минута резултатот беше нерешен 11:11, за до крајот на првиот дел Исланд повторно да отиде на плус два (15:13).

„Црвено-жолтите“ лошо го отворија вториот дел и му дозволија на ривалот во 37.минута да има максимални пет голови предност 20:15. Македонија не се предаваше и на седум минути до крајот успеа да намали на само еден гол 24:25, а веќе во 56. минута резултат беше израмнет 25:25.

При резултат 27:27, Исланд го имаше последниот напад за победа, но Кирил Колев беше најдобар кога беше најпотребно и одбрани.

Најдобриот стрелец во досегашниот дел од Мудијалот, Кирил Лазаров и вечерва беше најефикасен во македонскиот состав со седум голови. Во исландската репрезентација најзабележителен беше Рунар Карасон исто така со седум погодоци.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

АНКЕТА

Дали службите за зимско одржување добро ја вршат својата работа на локалните патишта во Гостивар?
Гостиварпред 4 недели

Дедо Мразовци на мотори ги израдуваа децата во Гостивар на хуманитарната забава на When in Trouble

Што, како, каде?!пред 2 недели

„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Гостивар-Вработена во продавница фатила лице при кражба

Гостиварпред 4 недели

Терористичката ќелија ја создал и координирал 21 годишен гостиварец, планирале напади врз цивилни цели и јавни објекти

Гостиварпред 3 недели

Викендов на плоштадот во Гостивар новогодишни настани за најмладите

Гостиварпред 3 недели

По пријава за вознемирување во берберница, гостиварец завршил во полициска станица

Гостиварпред 3 недели

Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар

Македонијапред 3 недели

500 евра минимална плата, пониски придонеси и прераспределба на администрацијата во приватниот сектор, бара СКСЗМ

Македонијапред 4 недели

Јаневска: Крајно неразумно е да се запре законот за средно образование кој не е менуван повеќе од 20 години

Гостиварпред 1 недела

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 2 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 4 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 5 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 10 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 10 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 12 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 1 година

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 1 година

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement
Advertisement

Следете нѐ

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена