Гостивар
Знаете ли како изгледа интернетот?
Повеќето од нас, интернетот, го доживуваме преку екранот на компјутерот, паметниот телефон, таблетот, но ретко кога би се запрашале како сите тие податоци се пренесуваат, распоредуваат, контролираат. Ако физичкиот интернет го замислувате во облик на големи објекти, згради исполнети со кабли, сервери, разноразни светилки, со строго обезбедување, тогаш не сте далеку од реалноста.
Интернетот, всушност се наоѓа во повеќе згради објекти кои се нарекуваат “carrier hotels”, а во кои мрежите на операторите се спојуваат во една поголема мрежа т.е. интернет. Овој процес овозможува стотици километри кабли да бидат споени на наизглед бесконечни редови со сервери.
Питер Гаритано фотограф од Бруклин, посетил пет вакви објекти (carrier hotels) во Њуjорк, за да им го приближи физичкиот изглед на интернетот на обичните корисници, односно како интернетот изгледа во просторот. Пристапот до овие хотели не е едноставен. Во секој агол ве чекаат чувари и припадници на обезбедувањето, сигурносни контролни пунктови со биометриски уреди, па дури и скриени замки. Инаку, вака изгледа интернетот во вистинскиот свет.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ