Спорт
Александар Костоски останува во КК Гостивар
Алекасандар Костоски ќе го предводи КК Гостивар и во следната сезона, информираа попладнево од гостиварскиот кошаркарски клуб, каде забрзано се работи на планот и подготовките за оформување на тимот за следната сезона 2020/2021.
“Постигнат е договор со Александар, и годинава ќе биде наш играч на обострано задоволство. Добро ја познава средината и со неговото големо искуство очекуваме да биде лидер и да ја предводи екипата кон новите предизвици нареднава сезона и сето тоа да го споделиме со нашите навивачи“, велат од КК Гостивар.
Секако и Костоски е задоволен од продолжувањето на соработката:
“Навистина ми е драго сто ќе ја имам можноста да го продолжиме она што го имавме изминативе 2 сезони со КК Гостивар, извонредната соработка со клубот и градењето на патот кон многу заеднички успеси. Се надевам публиката ќе се врати на спортските натпревари, а таа е неверојатна тука во Гостивар и е еден од факторите поради кои останувам во клубот, па сите заедно да се радуваме на успех во нареднава сезона“, изјави Костоски за Gostivarpress.mk.
За Костоски ова ќе биде трета сезона во гостиварскиот супрлигаш како играч и беше еден од носителите на играта на КК Гостивар во изминативе две. На одиграни 46 натпревари за “бело-сините“, постигна 550 поени и имаше 248 асистенции, односно 12 поени и 5,4 асистенции по натпревар.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ