Гостивар
5 спектакуларни грабежи кои никогаш не се разрешени
Единаесеттемина на Оушн изгледаат како група аматери во споредба со крадците од вистинскиот свет. Стотици милиони долари во дијаманти и уметнички дела едноставно исчезнале од лицето на земјата, никогаш не се пронајдени.
5. Близнаците кои имале совршено алиби – 5 милиони долари
На 25-ти февруари 2009-та година тројца маскирани разбојници провалиле во Kaufhaus Des Westens, втор по големина трговски центар во Европа. Со помош на јаже и подвижни скали, го ограбиле главниот кат без да ги активираат сензорите за движење и алармот.
Но, се случило нешто што можеби било фатална грешка, или сепак само дел од генијалниот план, оставиле позади нив една ракавица. ДНК-та пронајдена на ракавицата припаѓала на двајца луѓе, еднојајчани близнаци. Германскиот закон вели дека секоја личност мора поединачно да биде судена, а бидејќи нивниот ДНК е безмалку идентичен, и не можеле со точност да одредат на кој од близнаците му припаѓа, морале да ги пуштат и двајцата. Третиот разбојник никогаш не го пронашле.
4. Најпознатата кражба на дијаманти во светот – 100 милиони долари
Најголемата кражба на дијаманти се случила на најневозможното место на светот, во непробојниот и најзаштитен сеф на светот кој се наоѓа во Антверпен, Белгија. Два ката под Центарот за дијаманти, сефот бил заштитен со брава со 100 милиони можни комбинации, како и со топлотни сензори, сензори за движење, радар, магнетски полиња и човечко обезбедување.
Крадците некако успеале тивко да влезат во сефот, да ги отворат поединечните сефови во него и да побегнат со скапоцените дијаманти. Иако наводниот водач на грабежот Леонардо Нотарбартоло е уапсен и осуден на 10 години затвор, неговата вина не е докажана и покрај неговото тврдење во интервју за Wired Magazine дека украле дијаманти во вредност од само 20 милиони долари и дека бил дел од поголема организација која го вклучувало и осигурувањето на дијамантите, тој бил пуштен на условна казна. Дијамантите никогаш не се пронајдени и никој, освен Нотарбартоло, не е уапсен.
3. Грабежот во Harry Winston – 108 милиони долари
На 4-ти декември 2008-ма година, четворица крадци, од кои тројца биле преправени во жени, шармантно влегле во познатата париска златара непосредно пред затварање. Кога веќе биле внатре се заканиле со рачна граната и го започнале грабежот.
За помалку од 15 минути побегнале со дијаманти, рубини и смарагди чија вредност се проценува на 108 милиони долари. Иако никогаш не е потврдено, истражителите веруваат дека ова било дело на озлогласената криминална група Pink Panthers, одговорна за кражби во вредност од 132 милиони долари ширум светот.
2. Кражба на уметнички дела во Gardner музејот – 300 милиони долари
На 18-ти март 1990-та година, ден после празникот Свети Патрик, полицајци стигнале на вратата од Isabella Stewart Gardner Museum во Бостон, тврдејќи дека примиле повик за нарушување на јавен ред и мир. Кршејќи го протоколот, еден припадник на обезбедувањето ги пуштил внатре, а еден од полицајците му рекол на чуварот дека има налог за негово апсење, поради што чуварот го напуштил своето работно место.
Најверојатно свативте дека “полицајците“ всушност биле маскирани крадци. Му ставиле лисици на несреќниот чувар и му наредиле да ги повика и останатите припадници на обезбедувањето од музејот, кои исто така ги “уапсиле“. Крадците побегнале со 13 слики, вклучувајќи и дела од Ребрант, Вермер, Дегас вредни околу 300 милиони долари. До ден денес никој не е уапсен ниту сликите се пронајдени.
1. Кражбата на Такер крстот – непроценливо
Крстот Такер, наречен по нуркачот Такер кој го пронашол крстот на дното на океанот, бил 22-каратен златен крст украсен со блескави зелени смарагди и неговата вредност се смета дека е непроценлива. Сепак, Такер успеал да го продаде крстот на владата на Бермуда, а сумата не е објавена.
Во 1975-та година, крстот требало да биде преместен во бермудскиот Музеј на уметноста (Museum of Art) каде требало да ѝ биде прикажан на кралицата Елизабета Втора. Никој не знае кога и како, но во текот на преместувањето, крадецот го заменил оргиналниот крст со евтина пластична реплика. Се предпоставува дека овој историски артефакт со непроценлива вредност е истопен и продаден на црниот пазар.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ