Вести
Гостивар со тројца скијачи на Светското првенство во алпско скијање
Денес започнува Светското првенство во алпско скијање, кое ќе се одржи во швајцарскиот зимски центар Сент Мориц, а ќе трае до 18 февруари. Дел од Мундијалот ќе биде и Македонија, која ќе настапи со седум скијачи, шест во машка и една во женска конкуренција.
Нас посебно горди не прави фактот што тројца од репрезентативците кои ќе не преставуваат на Мундијалот се гостиварци: Антонио Ристевски (потекло Гостивар), Воислав Синадиновски и Виктор Петков (Гостивар).
Боите на нашата држава ќе ги бранат Антонио Ристевски (слалом и велеслалом), Лука Божиновски (слалом и велеслалом), Дардан Дехари (слалом), Воислав Синадиновски (слалом), Марјан Нашоку (велеслалом) и Виктор Петков (велеслалом) во машка конкуренција, како и единствената девојка, Лидија Симјановска, која ќе настапи во слалом и велеслалом.
Тимот во Сент Мориц ќе биде предводен од селекторот Иван Лесевски.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот