Поврзи се со нас

Гостивар

Советот на Гостивар се врати во општинската сала

Објавено

на

Советот на Гостивар денес за прв пат од почетокот на пандемијата се собра во општинската сала и одржа седница со физичко присуство. Претходните неколку заседавања се организираа онлајн. Во салата денес, дојдоа 29 советници, се подразместија во седењето за да се направи обид за дистанца, задолжително беше носењето на маски и дезинфекција, а беше дадена и пауза за проветрување на просторијата.

На дневен ред се најдоа дваесетина точки од областа на финансии,  урбанизам, образование и друго.

Советниците го усвоија извештајот за буџетот за вториот квартал, кој ги опфаќа месеците најпогодени од ковид пандемијата кога имаше карантини, полициски час и угостителите не работеа.

Поминаа и измените и дополнувањата на Планот за вработувања во Општина Гостивар за 2020-та година, како и Планот за вработувања за 2021-ва.

Советниците на денешната седница изгласаа одлука за финансиска поддршка за музичкиот фестивал Парк, во висина од 230 илјади денари. Фестивалот ќе се одржува од 3 до 6 септември, на отворено, на локација во градскиот парк. Се усвои и одлука за доделување на финансиски средства во висина од 300.000 денари на Тв Глоби за документарна емисија.

Советот даде зелено светло и на одлуката за формирање на нова градинка во состав  Јавна Установа  “Детска Радост”, што се наоѓа во дел на објектот на ОУ “Мустафа Кемал Ататурк” во Долна Бањица.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена